Доброволно ќе заминам од политиката, но не можам да го предадам аманетот на моите пријатели и активисти, изјави претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон…“ на Алсат.

„Лично, многу би сакал да заминам од политиката, но имам обврска, доверба од пријатели, активисти, кои никогаш не сакам да ги изневерам. Сѐ додека тие ќе бараат да останам, јас ќе останам жив или мртов таму. Јас сум во политиката заради кауза, заради идеја, заради промовирање на одредени вредности и додека сум жив ќе придонесувам за тие вредности без разлика на мојата политичка позиција“, рече Гаши.

Во врска со судството во Република Северна Македонија тој смета дека е далеку од правдата. Запрашан дали познава некој функционер на ДУИ кој е осуден врз основа на правдата, тој вели:

„ Не сакам да навлегувам во овој дел за Судот и Обвинителството, како се покренати пријави и тужби, како завршува судска постапка“, одговори Гаши.