Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Претседателот на Уставниот совет на Франција Лоран Фабиус го прогласи Емануел Макрон за претседател на Републиката, кој во неделата, во вториот круг од претседателските избори освои апсолутно мнозинство гласови, 58,55 отсто, јави дописникот на МИА.. – Уставниот совет спроведе пописни и контролни операции, посочи Лоран Фабиус, наведувајќи ги „неправилностите“ забележани на 48 избирачки места, поради што членовите на уставниот совет поништија 20.594 гласови, или 0,06 отсто од гласовите. Севкупно, се почитуваа правилата на изборниот процес, рече претседателот на Советот. Од вкупно 48.752.339 регистрирани гласачи, гласале 35.096.478, што претставува стапка на вапстиненција од 28,01 отсто, втора највисока неизлезеност под Петтата република…
Приднестровие (или Транснитрија) е името на регион во Молдавија (на границата со Украина) за кој постои огромен страв дека може да се вклучи во војната во Украина. Односно дека може да биде вовлечен во неа, пишува Гардијан. Имено, таму имаше неколку експлозии, кои биле насочени кон Министерството за безбедност на Молдавија, радио кула и една воена единица, а се се случи само неколку дена откако Русите почнаа да зборуваат дека нивните луѓе во Молдавија имаат проблеми. Истото сценарио се случи и во пресрет на нападот на Украина. Приднестровие е претежно рускојазичен регион кој водеше војна во 1992 година против западната…
„Важно е официјалните лица што доаѓаат од ЕУ да имаат контакти со јавноста, не само со политичарите. Еврокомесарот по дефиниција ни е најдобар пријател и било каков исчекор треба да е заеднички, но со него немав баш такво искуство, затоа што солираше и поставуваше свои предлози наклонети кон бугарската страна“, вели поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров во Дневникот на ТВ Сител. Како што вели тој, реагирал на таквиот однос во повеќе наврати како поединец. „Важно е јавноста да знае дека немавме голема помош од неговите напори. Некои дипломати од западните земји-членки на ЕУ мислат дека ќе го решевме…
Европратеникот и известувачот за Македонија од Европскиот парламент, Илхан Ќучук кажа дека надворешниот притисок врз Бугарија во однос на Северна Македонија е легитимен бидејќи Бугарија го запира европскиот проект, а Европската Комисија даде јасен сигнал дека сака земјата да биде многу сериозен фактор на Балканот. Тој посочи дека е опасно да се предлага разделување на Северна Македонија и Албанија, бидејќи тешко ќе им се објасни на партнерите во Скопје зошто треба да се случи тоа и да биде пуштена Албанија да продолжи сама, а не заедно со Северна Македонија. Поранешниот бугарски претседател Георги Прванов, пак, изјави дека рамковната позицијата прифатена…
По повод 70 години од раѓањето на еден од најголемите македонски драматурзи и писатели, Горан Стефановски, на дел од фасадата на ООУ „Коле Неделковски“ на „Боемска улица“ 2 во Дебар Маало денеска е претставен исцртаниот мурал со неговиот лик. Во паркчето спроти општинските бараки (кај Спомен-обележјето на Горан Стефановски), се изведе драмскиот перформанс Маалски драмски разговори, со кој и ќе заврши овогодишното одбележување на роденденот на Горан Стефановски. По повод јубилејот денес свое онлајн обраќање имаше и неговиот син, Игор Стефановски, кој преку Здружението за промоција на културното наследство на Горан Стефановски, направи годишен осврт на проекти и дела поврзани…
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски преку видео обраќање изрази поддршка за штрајкот на просветните работници и понуди предлог за минимизирање на штетите врз учениците. Со цел да се минимизираат штетите врз учениците, Јакимовски предлага штрајкот да се стави во мирување до 10 јуни, а потоа да продолжи ако до тогаш не се постигне договор. – Сакам јасно да кажам дека никој не смее да им се заканува на штрајкувачите, или пак да се обидува да ги присилува, односно да врши притисок за прекин на штрајкот. Тие имаат право на штрајк и јас ги поддржувам во нивните барања да се…
Денес, на покана на претседателот на Собранието на Украина, г. Руслан Стефанчук, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, е во посета на Украина каде што допатува со воз преку Полска во раните утрински часови. Истовремено, во посета на Украина денес се и претседателите на Парламентите на Романија и Швајцарската Конфедерација. Претседателот Џафери ги посети градот Ирипин и пистата на Хостомел кои се разурнати од воените дејствија, по што заедно со другите претседатели на Парламенти дадоа заеднички изјава. „Секако особено ми е задоволство и ја прифатив поканата и лично да ги посетам Буча и Ирпин за лично…
Рускиот претседател Владимир Путин зборуваше пред Советот на законодавци во Санкт Петербург и испрати јасна порака до светот. Путин кажа дека специјалната воена операција во Украина ќе биде завршена успешно и ќе бидат комплетирани сите цели. Исто така, Путин ги предупреди земјите од Западот дека ќе им се одмазди ако се вклучат да ја уништат Русија на економски план, како и на тие што се вклучиле во конфликтот.
Пожарникарите во Тетово се бореа два часа со пожар во објект во близина на автобуската станица. Истиот бил пријавен во 14 часот, додека бил локализиран два часа подоцна, односно нешто по 16 часот, откако интервенирале 10 пожарникари и четири возила. – Интервениравме во голем објект налик на фабричка хала. За среќа нема повредени, а се плашевме од настрадани затоа што кога стигнавме таму ни кажаа дека бездомници кои питачат престојувале во објектот бидејќи халата била напуштена. Објектот е во близина на автобуската станица, каде има и други станбени и деловни простории, па се боревме огнот да не се пренесе во друг правец, изјави…
Тимот на американскиот претседател Џо Бајден и претставниците на Белата куќа се загрижени дека преземањето на Твитер од страна на Илон Маск за 44 милијарди долари ќе влијае врз претседателските избори во 2024 година. Тие особено се плашат дека милијардерот ќе му дозволи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се врати на Твитер, пишува Си-ен-би-си. „Слободата на говорот е основа на функционална демократија, а Твитер е дигитален градски плоштад каде се дискутираат прашања од витално значење за иднината на човештвото“, рече сопственикот на Тесла во соопштението за печат со кое го објави купувањето на Твитер. Потесниот круг на Бајден…
Русија неодамна објави дека се фокусира на проширување на контролата над Донбас, индустриски центар во источна Украина. Проруските сепаратисти поддржани од Москва се борат со украинските сили во Донбас од 2014 година, кога започна конфликтот по руската анексија на украинскиот полуостров Крим. Високиот функционер на Кремљ Николај Патрушев денеска изјави дека Украина може да биде поделена на неколку делови. Патрушев, секретар на Советот за национална безбедност на Русија, изјави дека „политиките на Западот и режимот во Киев, кој е под контрола на Западот“, ќе доведат „само до распаѓање на Украина на неколку држави“. Русија неодамна објави дека се фокусира на…
Бугарската компанија Булгаргаз ЕАД доби известување дека испораките на природен гас од Гаспром експорт ќе бидат суспендирани од утре 27 април 2022 година. Бугарската страна целосно ги исполнила своите обврски и навремено, строго и во согласност со договорот и неговите клаузули и ги извршила сите плаќања. По анализата на државната компанија Булгаргаз и Бугарскиот енергетски холдинг (БЕХ) е откриено дека новата процедура за плаќање во две фази предложена од Русија не е во согласност со постоечкиот договор до крајот на оваа година и претставува значителен ризик за Бугарија. Министерството за енергетика, Бугарскиот енергетски холдинг, Булгаргаз и Булгартрансгаз презедоа чекори за…