Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гардијан: Приднестровие е регионот во Молдавија каде би можела да се прелее војната

0
By НОВА ТВ Terziova on April 27, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 27, 2022 19:56

Приднестровие (или Транснитрија) е името на регион во Молдавија (на границата со Украина) за кој постои огромен страв дека може да се вклучи во војната во Украина. Односно дека може да биде вовлечен во неа, пишува Гардијан.

Имено, таму имаше неколку експлозии, кои биле насочени кон Министерството за безбедност на Молдавија, радио кула и една воена единица, а се се случи само неколку дена откако Русите почнаа да зборуваат дека нивните луѓе во Молдавија имаат проблеми. Истото сценарио се случи и во пресрет на нападот на Украина. Приднестровие е претежно рускојазичен регион кој водеше војна во 1992 година против западната централна влада. Таа војна заврши со стотици мртви и со интервенција на Русија, која им помогна на бунтовниците. Потоа, во 2006 година се одржа референдум на кој 97,1 отсто од луѓето гласаа за присоединување на Приднестровие кон Русија, но референдумот не беше прифатен од меѓународната заедница.

Денес Приднестровие е под контрола на проруските сепаратисти, а таму има постојано стационирани околу 1500 руски војници. Има 465.000 жители кои главно зборуваат руски, додека во остатокот од Молдавија (која има вкупно околу 2,6 милиони жители) се зборува романски.

Приднестровие користи кирилицата и има своја валута (Приднестровска рубља), свои безбедносни сили и пасош, иако повеќето од нејзините околу 465.000 жители имаат двојно или тројно молдавско, руско или украинско државјанство. Москва ја поддржува економијата на Приднестровие, снабдувајќи го регионот со бесплатен гас и задржувајќи ги трупите стационирани таму, всушност создавајќи руски сателит на границите на ЕУ, потенцира Гардијан.

Приднестровие исто така е преплавено со советски симболи. Нивното знаме е украсено со срп и чекан, огромна статуа на Ленин се наѕира над центарот на главниот град Тираспол, а биста на болшевичкиот водач седи пред градското собрание или Домот на Советите. По експлозиите во тој регион, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вчера изјави дека е загрижен поради вестите кои доаѓаат од Приднестровие, додека лидерот на самопрогласената република Доњецк, Денис Пушилин, рече дека Москва треба да ги земе предвид настаните во Приднестровие кога ќе го планира продолжението на војната.

Молдавската претседателка Маја Санду јасно стави до знаење дека се противи на отцепувањето на Приднестровие. Таа бара руските трупи стационирани таму да бидат заменети со меѓународни набљудувачи, што Русите го одбиваат.

Од Приднестровие денеска пристигна информација дека некој од Украина пукал во селото во кое се наоѓа складиштето за муниција и дека дронови лансирани од Украина ја надлетувале областа. Киев ја обвинува Москва дека ги организирала нападите. Кремљ соопшти дека е сериозно загрижен поради тие настани.

Во своето денешно обраќање пред германскиот парламент, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок рече дека сè уште не е јасно кој стои зад неодамнешните напади во одметнатиот проруски регион Приднестровие во Молдавија. Таа ја опиша ситуацијата во Молдавија како „екстремно критична“.

Конфликт Молдавија Свет Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.