Author: Marija Todorovska
Зоран Иванов: Статутот на партијата вели дека постои легитимност. Тоа се нивните внатрешнопартиски одлуки. Фактот што СДСМ се сведе на 18.000 мотивирани членови кои гласаа е друга тема. Филипче и тимот ги чека многу теренска работа за да ги убедат симпатизерите и членовите дека имаат капацитет да се справат прво со оние во своите партиски редови кои ја доведоа партијата на ова дереџе. Ако не успеат да го сторат тоа јавно, јасно и остро, СДСМ нема да се поврати уште долго. Членството и партиските симпатизери очекуваат внатрешна партиска диференцијација, но не знам колку раководството на партијата е свесно за тоа…
Водечкиот германски берзански индекс, DAX, падна за околу 10 проценти на почетокот на тргувањето денеска, паѓајќи на 18.489 поени додека инвеститорите продолжуваат да реагираат на огромните глобални царини воведени од администрацијата на Трамп.
Не можеме да одиме напред ако не се вратиме малку назад и не ги санираме штетите што злосторничката инсталација и во една друга, но не неважна форма, ги направија и сите други, вклучувајки го тука и СДСМ.
Цената на биткоинот во неделата навечер падна под 79.000 долари додека инвеститорите се подготвуваат за продолжување на нестабилноста на глобалните финансиски пазари оваа недела, откако берзите го претрпеа најголемиот пад од 2020 година минатата недела поради американските царини за стоки од остатокот од светот.
Акциите на берзите во Азија денеска бележеат остар пад со што се продлабочува глобалната берзанска криза предизвикана од трговската војна на американскиот претседател Доналд Трамп.
Компликациите од бременост или породување предизвикуваа смрт на жена приближно на секои две минути во 2023 година, се наведува во извештај на Светската здравствена организација (СЗО) и другите тела на ОН.
Државата да инвестира во здравствена превенција и квалитетна и достапна здравствена заштита како основа за достоинствен живот, апелираат од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување заедно со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари и Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – Заедно посилни по повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето.
Директното оштетување на 90 проценти од дишните патишта од чадот кој што го вдишал, заедно со големата површина на изгореници која изнесува околу 36 проценти е причина за починувањето на 29-годишниот Алексдандар Карадакоски кој се лекуваше во Литванија, беше истанато на денешната прес-конференција во Министерствоото за здравство.
На судењето за убиството на Вања и Панче, обвинетиот Влатко Кешишев денеска беше детално испрашуван од обвинетиот Љупчо Палевски, кој постави над 90 прашања. Испитувањето опфати прашања за закани, уцени, како и хронолошка усогласеност со видео-снимките презентирани од Обвинителството.
Марија Тодоровска Ни Македонија не беше поштедена од агресивната царинска политика на американскиот претседател. Царината за Македонија изнесува 33 отсто. Доколку споредиме со другите земји од Западен Балкан, најголеми царини има за Србија (37%) и БиХ (35%). А, најмали царини САД воведе за Албанија, Косово и Црна Гора (10%). Како ќе влијае ова врз нашата економија, вчера подготвивме кратко интервју со уредникот и економски новинар Мирче Јовановски. Македонија индиректно ќе биде повеќе „погодена“ од овие 33 отсто царини. Тоа се должи на тоа што многу е поголем извозот во европските земји отколку извозот во САД. Извозот во САД во 2024…
Политичките претставници на ЕУ се „инертни пред систематската репресија врз новинарството во Србија“ што е под закана од политички и судски притисоци и „ЕУ повеќе не може да замижува“. Тоа денеска го соопштија од Репортери без граници (РСФ), пренесоа српските медиуми.
Судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжи денеска во Основниот кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев. Одговарајќи на прашања на бранителите на останатите обвинети, Кешишев даде детали за движењето на обвинетите на денот на убиството на Панче Жежовски и посочи дека прв пат за таткото на Вања разбрал кога го довеле во притвор.
