Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таравари: Карадакоски починал поради 90 отсто оштетени дишни патишта и големата површина на изгореници

0
By Marija Todorovska on April 4, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 4, 2025 15:53

Директното оштетување на 90 проценти од дишните патишта од чадот кој што го вдишал, заедно со големата површина на изгореници која изнесува околу 36 проценти е причина за починувањето на 29-годишниот Алексдандар Карадакоски кој се лекуваше во Литванија, беше истанато на денешната прес-конференција во Министерствоото за здравство.

Со огромно жалење сакам да известам дека рано утрово еден од 116-те пациенти што беа испратени надвор од државата, Александар Карадакоски кој се лекуваше во Литванија, за жал, починал, рече Таравари на денешната прес-конференција во Министерствоото за здравство, изразувајќи воедно сочувство до семејството на Александар Карадакоски.

Тој посочи дека пацеиентот кој што почина беше на 29-годишна возраст, испратен е на лекување на 17 март, вториот ден по трагедијата во Кочани, а првично бил хоспитализиран во Градската болница во Скопје.

Директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св Наум Охридски“ Небојша Настов информира подетално за процесот на лекување на Карадаковски и за степенот на повредите на кои што им подлегнал.

Пациентот е примен во нашата установа околу 6 часот изутрината, после настанот во Кочани. Во текот на денот доаѓа до влошување на неговата состојба. Во попладневните часови има потеба од интубација, односно обезбедување на механичка вентилација и поставен е на апарати за вештачко дишење. Генерално се продолжува со негово интензивно лекување и обработка на изгорениците, кои мора да напоменам воопшто не беа мали. Вкупната површина на изгореници е околу 36 проценти, претежно во пределот на главата, вратот и горните екстремитети од втор и трет степен. И заради чадот кој го вдишал доаѓа до оштетување на внатрешните дишни органи што е потврдено и од колегите од Литванија во разговор со нашите анестезиолози при брифирање за состојбата на паицнетот, што редовно се одвуваше на секој ден или два. Утврдено е со броинхоспско испитување дека е оштететно голем дел од бронхоскопското стебло и како последица на тоа доаѓа до влошување на состојбата што резултирала со подлегнување на повредите, рече директорот Настов.

Тој воедно потенцира дека 24 часа од приемот во болницата, Карадаковски бил префрлен на лекување во Литванија со медицински санитетски авион. Како директна причина за смрта го наведе директоното оштетување на дишните патишта од чадот кој што е вдишан.

Таравари нагласи дека Карадакоски всушност бил најтешкиот пациент од оние кои се лекуваа во странство.

На 1 април му откажале бубрезите, беше ставен на дијализа, имаше температура. Практично рани на приближно 36 отсто на телото, од втор и трет степен што остава простор за појава на инфекции, плус изгореници на дишните патишта од 90 проценти што не обезбедуваат содветна размена на гасови, рече Таравари.

За транспортиот на телото на починатиот се е организирано, а обдукацијата ќе биде направена во Скопје.

Таравари на прес-конференцијата информира дека остануваат 78 пацинети од вкупно 193 повредени во трагедијата во Кочани кои се на лекување. Од нив моментално во државата се лекуваат 14 пациенти, од кои пет ќе бидат испишани, тие се стабилни, во добра состоија и ќе се лекуваат дома, а девет остануваат во болниците во Скопје.

Денеска се очекува да се вратат шест нови пациенти кои се во стабилна состојба – по двајца од Бугарија, Унгарија и од Шпанија. Според протоколките, тие 24 часа ќе престојуваат во нашите болници од каде биле испратени и потоа ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Практично надвор од државата остануваат само 69 пациенти од кои три, за жал, се во критична и нестабилна состојба. Добро е што од впуно 193 веќе 118 се лекуваат во домашни услови и се добри и сите се во добра состојба. Надвор од државата генерално повеќето се во стабилна и добра состојба, се најавуваат повеќе пацинети кои ќе се вратат во наредните 3-4 дена, информира Таравари.

На новинарско прашање, министерот кажа дека од 69 пациенти кои се надвор на лекување, 20 пациенти се интубирани.

Извори од МНР за МИА, порано денеска информираа дека е започната процедурата за враќање на телото на Карадакоски.

жртва изгореници Таравари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.