Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Репортери без граници: ЕУ инертна пред репресијата врз новинарството во Србија

0
By Marija Todorovska on April 4, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 4, 2025 14:59

Политичките претставници на ЕУ се „инертни пред систематската репресија врз новинарството во Србија“ што е под закана од политички и судски притисоци и „ЕУ повеќе не може да замижува“. Тоа денеска го соопштија од Репортери без граници (РСФ), пренесоа српските медиуми.

„Властите на Србија се нишаат под притисокот на националниот протест и го стегаат ременот околу независните и критички медиуми“, пишува денеска на веб-страницата на РСФ.

РСФ го повика Европскиот парламент да се погрижи Европската комисија да ја преземе одговорноста за тие сериозни напади врз слободата на медиумите, „чие почитување е предуслов за пристапот на Србија во Европската унија“.

„Власти цело време ја доведуваат во прашање безбедноста и независноста на медиумите во Србија, што се блиски до гушења. Земјите-членки и институциите на Европската унија не можат да стојат настрана пред ова систематско кршење на правото на информирање“, смета РСФ и повикува на „силно противење на европските институции“.

РСФ смета дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дала „благо“ предупредување за потребата од преземање „мерки“ за слободата на медиумите, а комесарката за проширување Марта Кос била „задоволна што само ги спомнува независните медиуми без да укаже на сериозната закана за медиумите во Србија“.

Наведуваат од РСФ за 14 напади на новинари од 1 ноеври лани.

РСФ укажува дека од почетокот на демонстрациите студентите во таблоидите се обвинети дека се „странски агенти“ платени од опозицијата и дека „подготвуваат државен удар“. „Тие се и цел на кампања на дезинформации“

Според класификацијата на РСФ за слобода на медиумите за 2024 година, Србија беше рангирана на 98 место меѓу 180 земји и територии.

ЕУ медиуми Репортери без граници Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.