Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И Македонија под санкциите на Трамп

0
By Marija Todorovska on April 4, 2025 ИЗБОР
Фото: AI generated
Фото: AI generated
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 4, 2025 15:24

Марија Тодоровска 

Ни Македонија не беше поштедена од агресивната царинска политика на американскиот претседател. Царината за Македонија изнесува 33 отсто.

Доколку споредиме со другите земји од Западен Балкан, најголеми царини има за Србија (37%) и  БиХ (35%). А, најмали царини САД воведе за Албанија, Косово и Црна Гора (10%).

Како ќе влијае ова врз нашата економија, вчера подготвивме кратко интервју со уредникот и економски новинар Мирче Јовановски.

Македонија индиректно ќе биде повеќе „погодена“ од овие 33 отсто царини. Тоа се должи на тоа што многу е поголем извозот во европските земји отколку извозот во САД.

Извозот во САД во 2024 бил вреден 118,2 милиони американски долари.

Индиректно најмногу ќе се почуствуваат овие царини во автомобилската услуга, додека директно ќе бидат засегнати т.н аутсоринг услуги кои македонските фирми ги нудат на американскиот пазар. Па оттука последиците се јасни, губење работни места и намален извоз.

Веќе на почетокот на оваа година добро познатата компанија „Џонсон Мети“, која е најголем извозник на автомобилскиот пазар,  го намали бројот на работни позиции. А фирмата „Аптив“, која што ги снабдува со делови германскиот автомобиски гигант „Фолксваген“, ги затвори своите погони.Во однос на извозот на македонски производи на американскиот пазар, според податоци од ДЗС, во 2024 година најмногу се извезувале машини и транспортни уреди (67%), храна и живи животни (13, 5 %) и пијалаци и тутун (11 %).

За македонските фирми постои и можноста да се пререгистрираат во земјите со помал процент на царини, во Албанија, Косово или пак Црна Гора. Оваа теза е возможна, ни одговори во интервјуто Јовановски, доколку фирмите добро „го маскираат“ потеклото на своите производи.

Вчера Владата испрати и соопштение во кое вели дека нема место за паника, дека веќе се предвидени овие царини и дека имаат план за понатаму.

Но, се уште нема никаква информација дали ќе биде нешто преземено.

 

 

 

автомобилска индустрија Западен Балкан извоз САД Трамп царини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

ВЕСТИ June 19, 2026

Преговорите меѓу САД и Иран за спроведување на клучниот мировен договор, што требаше да се…

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.