Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдромот на македонскиот опортунитет природно тежнее поразот да го проектира како успех

0
By Marija Todorovska on April 7, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 7, 2025 10:43
Не можеме да одиме напред ако не се вратиме малку назад и не ги санираме штетите што злосторничката инсталација и во една друга, но не неважна форма, ги направија и сите други, вклучувајки го тука и СДСМ.

Бранко Тричковски
Сакам да му го честитам на Филипче изборот за претседател на СДСМ со неколку сугестии. Како идеи околу који, можеби, може да се обликува новиот идентитет, посебноста и понудата на партијата:
Обидете се да ги извлечете Македониците од позицијата на жртва: Тие се остварување кое е над сите нивни потенцијали и транзициски заслуги.
Ослободете ги од неподносливиот стисок на Македонија.
Пуштете ги луѓето да дишат.
Темата за националните интереси им ги разоруваат алвеолите и луѓето чувствуваат недостиг на кислород од Македонија.
Уште малку па ќе мора да одат на респиратори.
Тоа е можно само преку соочување на нацијата со вистината за себе, во сите аспекти: сегашност, историја, митови и лаги.
Лагите особено.
Соочување кое неизбежно ќе биде и болно и терапевтско, но повеќе терапевтско отколку болно.
Преку откривање на одговорностите на Македонија за драмата за која ги обвинува другите, од Бугарија, Грција и Европа, до Америка и Великденските острови.
Што не значи дека сите овие се невини.
Извлечете ги Македонецот и Македонија од вишокот значење и важност што го имаат за себе.
Олабавете ги.
Нормализирајте ги, напраете од нив нешто спротивно од тоа во што ги заглавија анахронизмите на вмро и вмро како анахронизам.
Животот на генерации минува во занимавањето со националните интереси. Тие односно нивната интерпретација го деформираат и го разоруваат животот на луѓето, исцрпувајки го јавниот дискурс речиси без остаток.
Ние немаме политичка конфронтација туку имаме битка на вмро за освојување на Македонија под паролата дека тие се единствената политичка артикулација на националните интереси на македонскиот народ односно дека други, по дефиниција, не смее да има.
Вие, како и сите други, сте непријатели, предавници, во сите ситуации освен кога можете да им помогнете во остварувањето на нивната мисија.
Не можеме да одиме напред ако не се вратиме малку назад и не ги санираме штетите што злосторничката инсталација и во една друга, но не неважна форма, ги направија и сите други, вклучувајки го тука и СДСМ.
Ова се толку важни аспекти што можам да кажам дека се друго е гранд парада на кичот и пијанството, настојување да се глуми борба и финоќа, мочка врз акварелот на Македонија, тоа е мојата омилена метафора.
И медиуми.
Не “само вистина” и “само интервју” и слични квазижурналистички срања, тие се само интермеца кои и кога се добро пополнети, бргу се забораваат, туку комплетна телевизија која ќе биде нормална, реална не пропагндистичка значи не ни сдсмовска.
Социјалните мрежи се важни, но се премногу дифузни.
Вратете ја темата за културата како тема број еден.
Работете на нови форми на присуството во јавноста, од изложби, до меѓународни трибини и улични перформанси.
Фрљиќ би можел да режира нешто на темата: Ослободување од Македонија!
Јас ќе му помогнам.
Дистантирајте се од новото ненормално.
Рамноправноста по сите основи ( род, пол, нација, сексуална ориентација) мора да биде ваша политика.
Нагласена грижа за хендикепирните и луѓето со посебни потреби.
Социјалната тематика е посебна област која не е за ваков тип нотирање, но пристапот не смее да биде популистички и додворувачки туку реален, мора да се изнивелираат одговорностите на човекот за себе и одговорноста на државата.
Македонската посебност не може да се потврди контра Албанците туку само со нив.
На Албанците мора да се гледа како на конститутивен елемент на македонскиот идентитет.
Разобличете ја премиерската свињарија со уставните промени како свињарија односно како инструмент за кочење на Македонија и по таа линија за други осипувања на идентитетот и перспективите.
Со други зборови како злосторничка позиција.
Ти посакувам успех.
Но, се плашам дека многу тешко ќе го дефинирате.
Затоа што синдромот на македонскиот опортунитет природно тежнее поразот да го проектира како успех.
Од Фејсбук ѕидот на авторот
СДСМ тричковски Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.