Author: Marija Todorovska
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, се сретна со Доналд Трамп Јуниор, синот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција соопшти дека нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“, фирмата од Албанија која требаше да стопанисува со паркингот на Клинички центар.
Таа идеја се јави на стартот на годинава, ама после усвојувањето на буџетот (!) што значи дека како една сериозна ставка не била планирана претходно. Или не се сакало да се обремени дискусијата по Предлог-буџетот со таа идеја, бидејќи, би се јавиле многу гласови и во Парламентот во стилот „зошто пари за авион, а не за оваа или друга потреба!“. Па се мислело буџетот да помине, а за реакциите по однос на купородажбата на леталото ќе мислиме отпосле!
Брисел: Најмалку едно лице е повредено минатата моќ во нов оружен инцидент во Брисел, соопшти денеска белгиската полиција, додавајќи дека е можно да има уште еден повреден, кој е во бегство.
Комеморација по повод 82 години од депортацијата на 7144 македонски Евреи во логорот Треблинка беше одржана денеска пред Споменикот во некогашниот скопски Монопол – местото каде што еврејски семејства од Скопје, Битола и Штип биле затворени во привремен транзитен камп и на крајот од март депортирани во логорот на смртта во окупирана Полска.
Новинарката на Радио Белград, Милена Божовиќ денеска им се обрати на студентите пред зградата на Радио телевизија Србија (РТС) во Белград, но и на нејзините колеги кои ги покани да излезат и да им се придружат, јави Бета.
Белград: Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на Доналд Трамп слета во Белград, објавија српските медиуми.
Темите за кои ќе се дискутира денеска се од глобална важност и се порелевантни денеска од било кога заради неизвесностите и фискалните кризи што го погодија регионот, но и целиот свет, порача директорот на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Северна Македонија Масимилијано Получи на денешната презентација „Фискално управување во Европската Унија и улогата на Фискалниот совет“ пред членовите на собраниските комисии за финансирање и буџет и за економски прашања, труд и енергетска политика.
Делегации на Украина и на СAД денеска започнаа состанок во Саудиска Арабија, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.
Вашингтон: Американскиот милијардер кој раководи со Министерството за ефикасност на владата во САД, Илон Маск, синоќа изјави дека социјалната мрежа „Х“, што ја поседува, е „урната поради голем кибер напад што потекнува од Украина“. Десетици илјади корисници синоќа објавија дека не можат да пристапат до платформата „X“. -Имаше голем кибер напад со цел да се урне системот „Х“, а IP адресите потекнуваат од територијата на Украина, изјави Маск за Фокс њуз. Работата на мрежата е обновена од денеска.
Студентите кои синоќа ја блокираа зградата на РТС изјавија дека полицајците ги тепале со палки, пренесува Н1.
Нацрт-измените на Законот за медиуми со кои интернет-порталите треба да бидат препознаени како медиуми е во последна фаза на усогласување со генералниот секретаријат на Владата и најверојатно денеска ќе се најдат на владина седница, најавува минстерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Андоновски вечерва во телевизиско гостување потсети дека Нацртот-измените биле објавени на системот ЕНЕР, имало различни коментари и оти актуелната верзија е некаква средна вредност што произлегла од нив.
