Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комеморација по повод 82 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка

0
By Marija Todorovska on March 11, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 11, 2025 12:38

Комеморација по повод 82 години од депортацијата на 7144 македонски Евреи во логорот Треблинка беше одржана денеска пред Споменикот во некогашниот скопски Монопол – местото  каде што еврејски семејства од Скопје, Битола и Штип биле затворени во привремен транзитен камп и на крајот од март депортирани во логорот на смртта во окупирана Полска.

Претседателот на Еврејската заедница во земјава, Пепо Леви, во својот говор рече дека во март 1943, еврејските маала во Скопје, Битола и Штип останале без своите Евреи и тие никогаш повеќе не зачекориле по калдрмите покрај реките Драгор, Отиња и Вардар.

11 март ’43, Хитлер конечно го решава еврејското прашање во Македонија преку своите фашистички сателити од Бугарија. Деведесет и осум отсто од еврејската популација во Македонија никогаш повеќе нема да го види македонското сонце. Сите 7144 Евреи ќе завршат во гасните комори на Треблинка. Втората светска војна однесе 50 милиони жртви, од кои шест милиони Евреи… За жал, идеите за уништување на Евреите се уште постојат. Светот плати огромна цена на колебливоста во спротивставувањето на Хитлер. Затоа денес е поважно од кога било да се покаже светска солидарност во сеќавање на жртвите на холокаустот и решителност во справување со сите зачетоци на антисемитизмот, истакна Леви.

Амбасадорката на Израел во земјава, Симона Франкел, рече дека Македонија изгуби најголем процент на Евреи споредено со која било друга земја во светот, односно „речиси 98 проценти од нив беа истребени во текот на холокаустот, а само 200 македонски Евреи преживеаја до крајот на војната“.

Со порака никогаш да не се заборави, на комеморацијата се обрати и премиерот Христијан Мицкоски кој истакна дека ова не е само ден на тага и сеќавање на страдањето на македонските Евреи, туку и ден на предупредување, „ден во кој ние, како народ и човештво, потврдуваме дека никогаш нема да дозволиме историјата да се повтори“.

комеморација Логор македонски Евреи Треблинка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.