Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Патувањата на премиерот кои се наводно болни, а сепак се повторуваат

0
By Marija Todorovska on March 11, 2025 ИЗБОР
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 11, 2025 13:04

Таа идеја се јави на стартот на годинава, ама после усвојувањето на буџетот (!) што значи дека како една сериозна ставка не била планирана претходно. Или не се сакало да се обремени дискусијата по Предлог-буџетот со таа идеја, бидејќи, би се јавиле многу гласови и во Парламентот во стилот „зошто пари за авион, а не за оваа или друга потреба!“. Па се мислело буџетот да помине, а за реакциите по однос на купородажбата на леталото ќе мислиме отпосле!

Љубомир Костовски

Нашиот премиер на Владата, Мицкоски, имајќи го предвид фактот дека за осум месеци владеење многу го користи пасошот, може да го позиционира во ситуација кога е да речеме паталец во една здравствена смисла, за што и самиот се жалеше во една прилика, објаснувајќи ја потребата да инсистира на користење на супер луксузни превозни средства и класи.

Нема сомнение дека идејата Владата да си купи сопствен авион во услови на недостиг на пари во многу области, да не набројуваме, практично во сите, произлезе од намерата да се намали колку што може физичката непријатност, можеби дури и болка од тој број на патувања, што, пак е противречно со самата идеја на неотстапувањето од потребата често да се менуваат аеродромите!

Таа идеја се јави на стартот на годинава, ама после усвојувањето на буџетот (!) што значи дека како една сериозна ставка не била планирана претходно. Или не се сакало да се обремени дискусијата по Предлог-буџетот со таа идеја, бидејќи, би се јавиле многу гласови и во Парламентот во стилот „зошто пари за авион, а не за оваа или друга потреба!“. Па се мислело буџетот да помине, а за реакциите по однос на купородажбата на леталото ќе мислиме отпосле!

Во  интервју за „360 степени“ за потребата од купување на владин авион говореше директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски. Постојниот авион стар 20 години имал проблеми од таков вид  што летот со него бил опасен.

Во Владата се размислувало дека со набавка на нов или половен авион но не постар од три години би се потрошиле од буџетот 30 до 40 милиони евра, а поправка на стариот би чинела 15 милиони евра. Томовски мислел дека лесно би се постигнал консензус со опозицијата (владејачката коалиција е значи „купена“ по тоа прашање).

Но, како и самата Влада да отстапи од таа идеја и се отиде на решението – колку и да чини превозот со постојни авиони на авио компании нека чини, тоа не оди на гласање и никој нема да прави математика, пишува Љубомир Костовски во колумната „Патувачката треска на македонската влада е загрижувачки феномен“.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

авион буџет Љубомир Костовски Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.