Author: Marija Todorovska

Со одлука на министерот за животна средина и енергетика на Грција Теодорос Скилакакис распишан е меѓународен тендер за доделување лиценца за истражување и експлоатација на јаглеводороди во јужниот дел на Јонското Море.

Read More

Европската комисија подготвува измени на правилата за добивање азил во ЕУ кои ќе ги претстави во март, наместо како што беше претходно планирано во јуни, наведува бриселскиот портал „Еурактив“ врз основа на документ во кој имал увид.

Read More

Северна Македонија ја ко-спонзорира резолуцијата на САД, со која Русија веќе не се третира како агресор, без било каква формална одлука на надлежен орган (собрание, влада, претседател) на драстично променет став во надворешната политика, и истовремено гласа воздржано на сопствената ко-спонзорирана одлука.

Read More

Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава против Б.Ф. и четири компании поради сомневање за даночно затајување. Според обвинението, Б.Ф. како сопственик и управител на неколку компании од Тетово, во периодот од 2013 до 2023 година, се обидел да го намали данокот на добивка. Тој префрлал пари на себе и на други фирми без да ги пријави и без да ги плати даноците за тие трансакции. Притоа, не ги враќал позајмиците и не ги отфрлал застарените побарувања, што довело до намалување на даночната основа.

Read More

Париз: Поранешниот француски лекар Жоел Ле Скварнек, обвинет за силување или сексуално злоставување на 299 луѓе, пред судот изјави дека правeл „одвратни работи“ и дека е подготвен да преземе одговорност за нив.

Read More

Советот за безбедност на ОН вчера ја одобри резолуцијата за Украина предложена од американската Влада, која содржи повик за брз прекин на војната и во која Русија не е класифицирана како агресор, јави ДПА.

Read More

Има комисија и правници кои ќе ја донесат конечната одлука, но уште неколку сигурно ќе бидат, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на прашањето дали се очекува затворање на нова високообразовна установа поради нерегуларности и доколку тие не бидат исправени по дадениот тримесечен рок.

Read More

Денес, во Собранието на Република Северна Македонија, сведочевме на уште еден чин на отуѓеност на владејачкото мнозинство од реалноста во која живеат граѓаните. Наместо да донесат одлука што директно ќе го олесни товарот врз семејните буџети, пратениците од владејачката коалиција одбија да ги поддржат измените и дополнувањата на Законот за ДДВ, со кои предложивме намалување на ДДВ-то за електричната енергија од 18% на 5% и укинување на ДДВ-то за основните прехранбени производи, вели Фатмир Битиќи.

Read More

Скопје: Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 1,00 денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денар по литар, соопшти Регулаторната комиисја за енергетика.

Read More