Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европската комисија подготвува промена на правилата за добивање азил: Главни измени на концептот безбедна трета земја

0
By Marija Todorovska on February 25, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 25, 2025 11:20

Европската комисија подготвува измени на правилата за добивање азил во ЕУ кои ќе ги претстави во март, наместо како што беше претходно планирано во јуни, наведува бриселскиот портал „Еурактив“ врз основа на документ во кој имал увид.

Главна новина во предлогот е промена на концептот за безбедна трета земја, врз основа на кој барателите на азил можат да бидат испратени во држава каде што би биле сигурни, наместо да останат во земјата во која го поднеле барањето за азилантски статус.

Концептот за безбедна трета земја сега е дефиниран во Директивата за процедури за азил, која неодамна беше измената врз основа на Регулативата за процедурата за азил, усвоена лани како дел од новиот Пактот за миграција, чија примена треба да почне во средината на 2026 година.

Според документ во кој имал увид „Еурактив“, Комисијата во моментов разгледува значајни промени во условот за поврзаност и процедурата по жалба на одбиените апликации.

Во делот на условот за поврзаност се предлага измена на правилото дека би требало да има некаква врска меѓу барателот на азил и безбедната трета земја во која би бил испратен. Со предложените измени апликантот би можел да биде депортиран во земја со која нема никаква поврзаност или блискост.

Политичката аналитичарка во бриселскиот Центар за европски политики, Хелена Хан, смета дека по ваквата измена веројатно ќе следи и проширување на списокот на земји кои се сметаат за безбедни, со што одредени азиланти би можеле да бидат трансферирани во држави со несоодветни стандарди за азил според меѓународното и правото на ЕУ.

Дополнително, според неа, доколку азилантот нема врски или блискост со земјата во која би бил испратен, тоа би можело да претставува пречка за неговата интеграција во тамошното општество, како и да го зголеми ризикот од понатамошни секундарни движења.

Поради ваквите стравувања во предлог-измените се предвидува и варијанта азилантите да бидат трансферирани само во земји со кои имаат „културна блискост“, како да и припаѓа на религија која е доминантна или значителна во таа држава или да го познава тамошниот јазик, или пак претходно да престојувал таму или да транзитирал низ неа.

Во делот на жалбите се предвидува можна измена на сегашното правило дека при поднесувањето на жалба по одбиената апликација за азил, постапката за депортација на азилантот се стопира до завршување на жалбената постапка.

Со можните измени продолжувањето на правото на престој на одбиениот азилант нема да оди по автоматизам, туку тој ќе мора да поднесе барање до надлежен суд да му издаде дозвола за останување во земјата до завршување на постапката по жалбата.

азил азиланти безбедна трета земја Европска комизија ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.