Author: Marija Todorovska
Ситуацијата пред Филозофскиот факултет во Нови Сад е мирна утрово. Видливи се траги од синоќешните судири меѓу граѓаните, студентите и полицијата, пренесува 021.rs.
На вчерашната седница на Извршниот одбор на СДСМ, членовите на партијата донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата.
Осум сириски војници вчера загинаа во израелските напади со беспилотни летала врз јужните предградија на Дамаск, додека неколку други беа ранети, соопштија сириски претставници и сирискиот Центар за мониторинг на човекови права со седиште во Велика Британија.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека најмалку осум лица, вклучувајќи едно дете, загинале во синоќешниот руски ракетен напад врз Кијив.
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека го претепале и му нанеле смртни последици на кавадарчанецот пред казиното во Кавадарци.
Украина вчера ја критикуваше Русија за планот за повлекување од Конвенцијата на Советот на Европа за спречување на тортура, коментирајќи дека предлогот е премолчено признание на вината на Москва.
Од ЈСП известуваат дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), линиите ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Најроби: Децата се загрозени од акутна неухранетост и насилство во опколениот Ел Фашер, главниот град на суданскиот регион Северен Дарфур, кој е под оган 500 дена, соопшти денеска УНИЦЕФ.
Во организација на граѓанската организација „Еко-свест” се врши првото отстранување на речна бариера во државата, а се реализира на Крива Река, во близина на Крива Паланка. Отстранувањето е дел од проектот „Повторно поврзување на реките во Македонија“ со примарна цел – идентификација и отстранување на застарените бариери во реките и зголемување на поврзаноста на речните екосистеми во земјата.
„Булеварот Борис Трајковски како витална сообраќајница за жителите на Кисела Вода и Драчево, е слика на целокупното 4 годишно владеење на ДПМНЕ и Данела Арсовска. Тоа е одраз на целосна незаинтересираност, темелна негрижа и хаос“, рече денеска Каја Шукова кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ која беше на оваа сообраќајница која ги поврзува Кисела Вода и Драчево.
Државната комисија за спречување на корупцијата го запре предметот којшто го оформи по сопствена иницијатива во врска со назначување на блиско лице на претседателот на Владата за државен советник во едно од министерствата и за унапредување на неговата сопруга како раководител на сектор во истото Министерство.
Деца од градинка во белградската населба Вождовац беа итно евакуирани претпладнево поради пожар во објектот.
