Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marija Todorovska
Турција досега испрати над двесте тони хуманитарна помош во Појасот Газа и ќе продолжи со посветеноста кон хуманитарна помош за тамошните Палестинци, соопшти Министерството за национална одбрана на оваа земја.
Република Северна Македонија мора да продолжи со реформите и евроинтегративниот курс, додека нејзините граѓани треба да ги осудуваат деструктивните сили кои имаат за цел да ја насочат земјата во правец на проруска ориентација. Ова е заклучокот на познавачите на политичките збиднувања во земјава, анализирајќи ги за „Фронтлајн“ повиците на Стејт Департментот на САД, како и на пријателите на Македонија од меѓународната заедница, дека земјата треба да продолжи со реформите и својот пат кон ЕУ.
На Балканот, Вучиќ и Додик си прават натиго-дајмиго во допингување на изборите, Подгорица ја чувствува пост фестум ревизијата на волјата на гласачите, прозападната ориентација на БиХ е блокирана од Додик, а во Македонија, изгледа како да успеа операцијата „Коњички скок“, најавена пред неколку години, а во која никој не веруваше. Речиси според сценариото на таа операција, најавена од Љубљана, од градот од каде што ни дадоа список на црните пари што ги добиваат дел од македонските медиуми, а за што никој не мрдна со прст…
Министерката за одбрана Славјанка Петровска во овогодишното издание „Светот во 2024-та“ на реномираниот „Економист“, се осврна на повеќе развојни процеси во одбраната и во Армијата, особено процесот на нејзина модернизација и опремување, соопшти МО.
Како државните од Западен Балкан најдобро да го искористат Планот за раст на Европската комисија е целта на дискусијата „Growth Plan for the Western Balkans: How to make it work for all?“ што денеска во Скопје ја организира Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, на која има претставници на креаторите на политиките, на граѓанското општество, академската заедница и бизнис секторот.
Завршните зборови на одбраната на обвинетите во „Ласкарци“ продолжуваат на 26 декември, откако денеска во Основниот кривичен суд, бранителите на второобвинетиот Ремзи Мифтари и третообвинетиот Игор Ѓорѓиевски во нивните завршните зборови побараа ослободителна пресуда.
Откажан е штрајкот на контролорите на летање најавен за 25 декември и 31 декември годинава, информира денеска претседателот на Самостојниот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) Александар Тасевски.
Просечната исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесува 38.843 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 17,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, директорката на Клиниката за детски болести д-р Стoјка Нацева-Фуштиќ и претставникот од Асоцијацијата на цистична фиброза Фики Гаспар, денеска одржаа заедничка прес-конференција за која информираа дека лекот Трикафта е пристигнат на детската клиника. На прес-конференцијата, министерот Меџити истакна дека секогаш се залагал сите потреби во однос на лекови, дијагностика, помагала, нешто што е секојдневна потреба на пациентите да бидат решени колку што може побрзо – веднаш, а бирократските препреки не смеат и не треба да бидат причина за здравјето на граѓаните. „Лекот Трикафта е веќе на Универзитетската клиника за детски болести. Со 100 милиони…
Доколку се спореди со времето на ДПМНЕ нема сегмент во којшто СДСМ нема подобар резултат, и тоа драстично подобар, но има и една суштинска разлика, СДСМ ги враќа парите кај граѓаните а ДПМНЕ правеше споменици, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски на трибина Повеќе за сите денеска во Битола. -Само со една мерка, МОЈ ДДВ СДСМ врати над 110 милиони евра назад кај граѓаните. Дали памтите една макар една мерка од ДПМНЕ за враќање пари кај народот? Нема, затоа што ДПМНЕ не враќаше пари кај народот, тие грабаа само за себе. Тоа е суштината разлика помеѓу СДСМ и…
Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира сојот JN.1 на вирусот Ковид-19 како „варијанта од интерес“, додавајќи дека според достапните докази, тој претставува низок глобален ризик за јавното здравје.
Дигитализацијата во високообразовните институциите денеска беше тема на јавната дебата што ја организираа Клубот за младински прашања и политики на Собранието, во соработка со Форумот за образовни промени Иницијативата #DigiU. На оваа дебата и претходеше дводневен Диги образовен хакатон на кој учествуваа претставници на универзитетските собранија, професори и пратеници од различни пратенички групи во Собранието.