Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дебата: Законски измени за побрза дигитализација на универзитетите

0
By Marija Todorovska on December 20, 2023 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 20, 2023 15:52

Дигитализацијата во високообразовните институциите денеска беше тема на јавната дебата што ја организираа Клубот за младински прашања и политики на Собранието, во соработка со Форумот за образовни промени Иницијативата #DigiU. На оваа дебата и претходеше дводневен Диги образовен хакатон на кој учествуваа претставници на универзитетските собранија, професори и пратеници од различни пратенички групи во Собранието.

Претседателката на Клубот за младински прашања и политики пратеничката Моника Зајкова вели дека на хакатонот се издвоиле две платформи Е-услуги и Е-учење, но и од самиот процес на работа се нотирани бројни законски пречки поради кои високото образование не е целосно дигитализирано. Во Собранието се очекува да пристигнат пет закони од оваа област, но она што е клучно, вели таа, е Законот за архивско работење којшто сега создава пречка за универзитетите целосно да се дигитализираат и тие се обврзани да водат хартиена архива, потоа законите за дигитална трансформација и за сајбер безбедност, бидејќи тие податоци мора да бидат заштитени во дата базите на универзитетите.

-Она што исто така е многу важно е националната платформа за интероперабилност и системите коишто ги има МОН, бидејќи веќе основното и средното образование се дигитално врзани и тие меѓу себе разменуваат податоци, но за да се запишете на факултет повторно мора да поднесувате документи. Сега институциите се повикуваат дека тоа е така заради автономијата која ја имаат универзитетите и дека тоа зависи од нив, а од друга страна ако ги слушнете универзитетите тие велат дека со свои ресурси се обидуваат да инсталираат систем во тој дел иако тие бараат да бидат вклучени да бидат вклучени во националната платформа за интероперабилност за да може да разменуваат податоци, вели Зајкова.

Се отвори и прашањето, посочува таа, дали е можно да се има некој унифициран софтвер којшто ќе го користат универзитетите а ќе го обезбедува државата. -Во некои држави има пракса каде што самото Министерство за образование го воведува системот, односно платформата, го склучува договорот со давател на услуга и постоа ги става на располагање на универзитетите, а тие си ја одржуваат и ја полнат со информации, рече Зајкова.

Заклучоците од дебатата и хакатонот содржат единаесет препораки, а меѓу најзначајните е укажувањето до Министерството за финансии од потребата да обезбеди средства за подобрување и додавање на нова функционалност на дигиталниот систем на универзитетите со што тој ќе се подобри и ќе се овозможи сам да ги генерира потребните документи во дигитална форма.  Исто така се предлага МОН да формира работан група со претставници на засегнатите страни која ќе изготви предлог законски измени на Законот за високо образование за акредитирање на студиските програми за електронска работа и исклучиво користење на електронски индекс и нивно доставување до Собранието.

-За поздрав е што едниот заклучок ќе биде веќе реализиран а тоа е формирање на работната група бидејќи уште наредната недела присутните на јавната расправа ќе се сретнат со министерот за информатичко опшество каде ќе им биде презентиран планот од страна на Министерството што се превзема во однос на дигиталната трансформација и ќе се пристапи чекор по чекор во законски рамки да биде дигитализацијата, вели Закојва.

Повикувајќи се на дискусиите пратеничката на ЛДП посочува дека всушност најголемиот проблем при дигиталната трансформација има УКИМ.

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири зборуваше за напорите за дигитализација што ги прави Владата, но исто така укажа дека како општество мора да бидеме во тек со потребите и промените во дигиталниот свет од аспект на инклузивност. Посочи на Предлог-законот за сајбер безбедност и критична инфраструктура со којшто е предвидено да се создаде агенција за дигитална трансформација и којшто наскоро ќе влезе во собраниска процедура. Според него, овој закон ќе биде „чадор“ на ниво на земјата за да може да ги следи тековните и дигитализацијата на ниво на нашето опшество.

-Зошто е многу битно? Битно е заради тоа што дигитализација без добра интероперабилност на институциите како држава нема да даде резултати, рече Шаќири.

Најави промена на Законот за архивско работење, која е во процедура. -Нема да се архивира само хартиен документ туку исто така таму предвидуваме дека и електронски документ може да биде архивиран и истиот да се употреби како таков, и мислам дека ова е голем чекор во дигитализација на нашето општество, рече Шаќири.

Министерот посочи на потребата од креирање активни хабови за иновативни решенија преку кои професорите, со приватниот сектор и со студентите да креираат за своите потреба или да разговараат за своите проблеми и да се решаваат на иновативен начин.

Проректорот за настава на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип проф. д-р Мишко Џидров изрази задоволство што неговиот универзитет се посочува како позитивен пример за дигитализација.

– Кај нас од запишување па до дипломирање сите процеси се одвиваат онлајн, рече тој.

Професорот Џидров смета дека универзитетите треба да развиваат и студентски програми што ќе нудат флексибилно студирање.

Ако веќе се размислува за поврзување на универзитетите би било добро, вели тој, и тие да бидат вклучени во тој процес.

-Штипскиот универзитет има веќе разработено свој систем, УКИМ има свој, Тетовски има… да не се доведеме во ситуација да се наметне некој нов систем кој што треба ние од ново да го адаптираме, рече проректорот на штипскиот универзитет.

Посочи и на проблемот со кадар барајќи да се размислува за една централизирана канцеларија која што ќе може да ги опслужува и универзитетите.

дебата Дигитализација дигитална трансформација македонски универзитети Министерство за образование младински политики
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.