Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marija Todorovska
Пукањето на универзитетот во центарот на Прага, во кое загинаа 15 луѓе, не е поврзано со меѓународен тероризам, соопшти чешката влада.
Кога едноставните работи се усложнуваат со манипулации и лаги резултатот е тој што го гледаме со години во Македонија. Почнатите преговори со ЕУ по успешниот скрининг треба да продолжат по одлуката на Собранието за уставни промени. Ако не се донесе таква одлука станува неизвесно кога тоа ќе се случи бидејќи релевантни политички партии за тоа немаат навестување, ниту некоја поцврста определба. Ова е таа едноставна ситуација со едноставно решение.
Руските сили истрелале 7.400 проектили против Украина од почетокот на војната, рече Јуриј Игнат.
Турција досега испрати над двесте тони хуманитарна помош во Појасот Газа и ќе продолжи со посветеноста кон хуманитарна помош за тамошните Палестинци, соопшти Министерството за национална одбрана на оваа земја.
Република Северна Македонија мора да продолжи со реформите и евроинтегративниот курс, додека нејзините граѓани треба да ги осудуваат деструктивните сили кои имаат за цел да ја насочат земјата во правец на проруска ориентација. Ова е заклучокот на познавачите на политичките збиднувања во земјава, анализирајќи ги за „Фронтлајн“ повиците на Стејт Департментот на САД, како и на пријателите на Македонија од меѓународната заедница, дека земјата треба да продолжи со реформите и својот пат кон ЕУ.
На Балканот, Вучиќ и Додик си прават натиго-дајмиго во допингување на изборите, Подгорица ја чувствува пост фестум ревизијата на волјата на гласачите, прозападната ориентација на БиХ е блокирана од Додик, а во Македонија, изгледа како да успеа операцијата „Коњички скок“, најавена пред неколку години, а во која никој не веруваше. Речиси според сценариото на таа операција, најавена од Љубљана, од градот од каде што ни дадоа список на црните пари што ги добиваат дел од македонските медиуми, а за што никој не мрдна со прст…
Министерката за одбрана Славјанка Петровска во овогодишното издание „Светот во 2024-та“ на реномираниот „Економист“, се осврна на повеќе развојни процеси во одбраната и во Армијата, особено процесот на нејзина модернизација и опремување, соопшти МО.
Како државните од Западен Балкан најдобро да го искористат Планот за раст на Европската комисија е целта на дискусијата „Growth Plan for the Western Balkans: How to make it work for all?“ што денеска во Скопје ја организира Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, на која има претставници на креаторите на политиките, на граѓанското општество, академската заедница и бизнис секторот.
Завршните зборови на одбраната на обвинетите во „Ласкарци“ продолжуваат на 26 декември, откако денеска во Основниот кривичен суд, бранителите на второобвинетиот Ремзи Мифтари и третообвинетиот Игор Ѓорѓиевски во нивните завршните зборови побараа ослободителна пресуда.
Откажан е штрајкот на контролорите на летање најавен за 25 декември и 31 декември годинава, информира денеска претседателот на Самостојниот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) Александар Тасевски.
Просечната исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесува 38.843 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 17,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, директорката на Клиниката за детски болести д-р Стoјка Нацева-Фуштиќ и претставникот од Асоцијацијата на цистична фиброза Фики Гаспар, денеска одржаа заедничка прес-конференција за која информираа дека лекот Трикафта е пристигнат на детската клиника. На прес-конференцијата, министерот Меџити истакна дека секогаш се залагал сите потреби во однос на лекови, дијагностика, помагала, нешто што е секојдневна потреба на пациентите да бидат решени колку што може побрзо – веднаш, а бирократските препреки не смеат и не треба да бидат причина за здравјето на граѓаните. „Лекот Трикафта е веќе на Универзитетската клиника за детски болести. Со 100 милиони…