Author: Marija Todorovska
Пратениците денеска ќе ја започнат првата нова седница за оваа година. На дневен ред на 138. седница се повеќе од дваесет точки, претежно закони по скратена постапка.
Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајлак изјави дека се подготвува за динамична недела во текот на која ќе присуствува на 54-от годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос, ќе учествува на повеќе панели и ќе има бројни билатерални средби.
Британското Министерство за одбрана денеска соопшти дека 20.000 припадници на британската војска ширум Европа ќе учествуваат во голема вежба на НАТО во првата половина од оваа година, како и воени бродови и борбени авиони.
ЏАБИР ДЕРАЛА / Цивил Медиа Во ова општество се делат пари, станови и позиции како да се салфетки или визит карти. На другата страна од „бизнис зделките“ се наоѓаат корумпирани судии, политичари и администрација кои функционираат според вредности и принципи кои не зависат од тоа кој е на власт, ниту на која политичка партија им припаѓаат. Тие односот кон политичките партии го градат врз бизнис логика.
Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе го промовира Центарот за микро, мали и средни претпријатија. Целта на Центарот, како што посочуваат, е поддршка и развој на економската активност за потребите на компаниите, чија улога ќе биде во интерес на оваа група правни субјекти да обезбеди сет услуги и подршка за нивно непречено функционирање.
Американската воена база во близина на гасното поле Конико во Сирија е нападната со ракети.
Двесет и петгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека на Меѓународниот аеродром во Скопје, каде работела, била физички нападната.
„Јас би ги ставил уште сега на гласање уставните измени. Одговорноста е кај секој индивидуално. Секој пратеник одговара пред своите деца во каква држава ги остава да живеат“ рече пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во утринската програма на Слободен печат.
Неутралноста е само „поствистина“, оправдување за прегратката на детскиот рај на неодлучноста. Некој друг да крши глава со одлучување Емилија ЦЕЛАКОСКА Како професионален солач на памет, уверена сум дека сѐ може да се научи и дека за сѐ што човек одлучува, за свое сопствено добро, треба тоа да го прави со што е можно подобра информација. Целото воспитување и обука што општеството ни го пружало било во насока на слободата за одлучување за сопственото добро. Само погрешната насока била ограничена и тоа на начин да не те сопира сосем – освен ако не вовлекуваш премногу други, затоа што „точните“ никогаш…
За генерален секретар на Советот на Европа, кој ќе биде избран во јуни, потврдени се тројца кандидати – Дидие Рејндерс од Белгија, Естонецот Индрек Сар и Швајцарецот Ален Берсет. Поранешниот претседател на Швајцарската Конфедерација Берсет има добри изгледи да биде избран на таа функција, пишува денеска весникот „Ноје цирихер цајтунг“.
Сега е моментот на заеднички интереси, кога и ЕУ има потреба од нас и ние од ЕУ. И оваа уникатната шанса за продолжување по тој пат, ќе се реализира. Граѓаните и компаниите веќе ги чувствуваат придобивките од членството во НАТО, но тие многукратно ќе се зголемат, со активното продолжување на европските интеграции и полноправното членство, порача премиерот Димитар Ковачевски на панел-дискусијата на тема: „Економските придобивки од интеграција во ЕУ за компаниите и граѓаните во Северна Македонија“.
За периодот пред членството во НАТО, Украина треба да добие безбедносни гаранции, кои не можат да го заменат или сменат членството на Украина во НАТО кое нема алтернативи, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за медиумите во Рига, Латвија, соопштија од кабинетот на претседателот.