Author: Marija Todorovska

Берлин: Властите во Берлин планираат денеска да деактивираат две бомби од Втората светска војна, принудувајќи евакуација на илјадници луѓе во германскиот главен град, објави ДПА.

Read More

Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Костадин Ацевски, го претстави својот тим од советници за локалните избори со порака дека локалната политика мора да стане поодговорна и поблиска до секојдневните грижи на граѓаните.

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп одбил да одобри пакет воена помош вреден повеќе од 400 милиони долари за кинескиот регион Тајван во обид да постигне трговски договор со Пекинг, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименувани американски претставници.

Read More

Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е прашање на кое мора да му се посвети посебно внимание, а притоа да се земат предвид демографските показатели, животниот век и квалитетот на живот. Животниот век во земјава е понизок од светскиот просек и следствено на тоа се скратува периодот на користење на пензијата, велат од пензиските друштва.

Read More

Децата и младите многу време поминуваат во дигиталниот свет, неопходно е да се зголеми свеста и да бидат безбедни, беше кажано на денешната трибина „Заштита на децата од онлајн сексуална злоупотреба и материјали поврзани со сексуална злоупотреба на деца CSAM“, организирана од првата детска амбасада во светот, „Меѓаши“.

Read More

Се ослободувам од вината дека сум злоупотребила европски пари, а од друга страна сум обвинета затоа што не сум се придржувала до постапките за делата кои ми се товарат, притоа, постојано повторуваше судијката дека парите кои што се искористени за она што ме обвинуваат доаѓаат од оперативниот фонд на ЕУ, значи тоа се европски пари, за коишто претходно ме ослободува дека не сум ги злоупотребила, вели поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, која денеска Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна за злоупотреба на службена положба и овластување и ја осуди на…

Read More

Причината за убиството на Росица има име и презиме – неодговорност и корупција. Истрагата мора да покаже што преовладало, дали едното, другото или и двете заедно. За жал, досегашната пракса на нефункционирање остава голем простор за недоверба. Корупцијата во Македонија е присутна во сите пори. Заднинските политички мрежи ја хранат и ја прават посилна секој ден, рече Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциската комисија и кандидат за градоначалник на Центар, на прес конференција. Ивановска истакна дека за промена мора да постои не само политичка, туку и граѓанска волја. Досега напредокот е минимален, а времето ни бега.Од МВР очекуваме да и…

Read More

 Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување и ја осуди на казна затвор од две години.

Read More

Старци и неколку штркови седат заедно пред кооперација, ова е само една од сцените во документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска што годинава на фестивалот во Венеција беше прогласен за најинспиративен и ја доби „Наградата на Музата“. Токму симбиозата на луѓето со штрковите најмногу ја фасцинирало Котевска, иако таа првично тргнала со идеја да сними филм што ќе ја прикаже промената на миграцијата на овие птици и како тие во Македонија се хранат (јадат) од депонии.

Read More

Клубот на пратенички преку соопштение испрати реакција преку која повикуваат на доследно почитување на законите, навремена и ефикасна реакција од сите надлежни институции за заштита, спречување и превенција на насилството врз жените.

Read More

На 19 септември, на денот кога е роден пред 55 години поетот Игор Исаковски, во кафе-книжарницата Буква ќе биде претставена книгата со неговото севкупното поетско творештво.

Read More

Во вториот квартал од годинава продадени се помалку станови од првиот квартал од годинава. Податоците што ги објави Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од 1 април до 30 мај покажуваат дека во овој период продадени се 676 новоизградени станови од инвеститор, што е за 178 станови помалку во споредба со првиот квартал од годинава.

Read More