Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трибина на Меѓаши: Децата и младите многу време поминуваат во дигиталниот свет, неопходно е да се зголеми свеста и да бидат безбедни

0
By Marija Todorovska on September 18, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 18, 2025 14:41

Децата и младите многу време поминуваат во дигиталниот свет, неопходно е да се зголеми свеста и да бидат безбедни, беше кажано на денешната трибина „Заштита на децата од онлајн сексуална злоупотреба и материјали поврзани со сексуална злоупотреба на деца CSAM“, организирана од првата детска амбасада во светот, „Меѓаши“.

Притоа беше подвлечено дека станува збор за еден од најсериозните предизвици на дигиталната ера.

Драги Змијанац, претседател и соосновач на „Меѓаши“, рече дека заеднички и здружени можеме да направиме многу, за заштита на децата во дигиталниот простор.

Клементина Добревска, програмски менаџер во „Меѓаши“, потсети дека едно од правата на децата, е да бидат безбедни, како во живо, така и во дигиталниот простор.

Да ја зголемиме свесноста во однос на тоа дека дигиталниот простор многу лесно може  да стане мета за секој од нас, особено за децата и младите, подвлече таа.

Билјана Пејоска Ристеска, претставник од Министерство за дигитална трансформација, најави отворање на центар за побезбеден интернет, во рамките на Министерството, со едукативна, превентивна и заштитна цел. Ќе биде специјализиран за деца и младинци, но се дошло до констатација дека треба да бидат опфатени и сите други, установи, родители, наставници, старатели, едукатори, поширока таргет група. Изминатиот период сево ова функционирало во рамките на проект, за кој таа рече дека бил успешен.

 Интернетот не може да се забрани. Интернетот не може да ги забрани ниту користењето на апликации. Но, затоа сме тука, на еден едукативен, превентивен начин, со подигнување на свеста, да укажеме на правилно користење, правилно насочување во позитивна смисла и позитивни цели на интернетот, подвлече Пејоска Ристеска.

Весна Трпевска, началник на одделение – сектор за компјутерски криминал,  претставник од Министерството за внатрешни работи, зборуваше за механизмите за рана детекција и превенција од ширење на штетен материјал поврзан со сексуалната злоупотреба на деца, процесот од пријавување до заштита и ефективноста на интервенциите за сторителите. Таа рече дека е ова една од најтешките теми поврзана со најранливата категорија, децата.

– Во план ни е реорганизација во секторот, со посебно одделение за овој дел кривични дела, информираше таа.

Од трибината беше упатена порака да се биде внимателен на интернет. Се подвлече важноста да се разговара со децата и младите, околу тоа како да научат да се заштитат и да бидат безбедни во дигиталниот свет. Беше побарано да се вклучат сите засегнати страни во креирање на ефективни решенија.

интернет Меѓаши трибина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.