Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пензиските друштва бараат дебата за зголемување на старосната граница

0
By Marija Todorovska on September 18, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 18, 2025 15:10

Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е прашање на кое мора да му се посвети посебно внимание, а притоа да се земат предвид демографските показатели, животниот век и квалитетот на живот. Животниот век во земјава е понизок од светскиот просек и следствено на тоа се скратува периодот на користење на пензијата, велат од пензиските друштва.

Согласни се дека прашањето за зголемувањето на старосната граница за пензионирање е болно прашање, но сметаат дека за него треба да се отвори широка дебата во која ќе бидат вклучени сите засегнати страни.

Во Македонија во просек старосниот век е понизок од светскиот просек. Во таа смисла, треба добро да се размисли за оваа мерка бидејќи таа е поврзана и со економскиот развој и со можноста на луѓето да ги користат средствата во пензија. Се додека е ваков животниот век на нашето население, пресметките укажуваат дека тоа не е многу поволна мерка за зголемување на старосната граница бидејќи со тоа се скратува и периодот на користење на средствата. Но, тоа е прашање што треба да се следи и да се адаптира, смета Снежана Станковиќ од „Сава пензиско друштво“.

На 20-годишнината од реформата во пензискиот систем, претставниците на пензиските друштва се согласни дека најболниот период од реформата е поминат и дека треба да се продолжи со реформата.

Проценките за населението забрзано се остваруваат. Првата проценка беше дека околу 2050 година ќе бидеме од милион и 900 до два милиони жители, а денес во 2025 година сме еден милион и 800 жители. Најновата проценка е дека 2050 година ќе бидеме милион и пол. Сето тоа зборува за неодржливост на првиот пензиски столб, односно за недоволност на средства и обврска да продолжиме со реформите за развој на задолжителниот втор капитално финансиран пензиски столб и за третиот кој има значајна улога за сигурни, стабилни и редовни пензии, вели Станковиќ.

На почетокот на пензиската реформа, се одвојуваа 21,4 проценти за првиот пензиски столб од кои 7,42 проценти одеа за вториот пензиски столб, додека сега тој процент е намален и изнесува 18,5 проценти од кои 6 проценти одат за вториот пензиски столб.

Една студија покажа дека за стабилни и одржливи пензии кои ќе обезбедат ист квалитет на луѓето е доколку во текот на целиот работен век се одвојуваат средства од 7 до 10 проценти од бруто приходот на индивидуалецот. Тоа значи дека треба да се размислува или во насока на зголемување на делот во задолжителниот пензиски фонд или започнување на плаќањето во доброволниот пензиски фонд, вели Весна Стојановска од КБ Прво пензиско друштво.

Пензиските друштва со порака до граѓаните дека пензиските столбови се сигурни и стабилни и препорака да инвестираат во третиот доброволен пензиски столб.

Третиот пензиски фонд е доброволен и луѓето може да одвојуваат средства согласно своите можности. Препораката е што порано да се штеди во третиот столб. За да имаме активна и квалитетна старост треба да одвојуваме средства во третиот доборволен пензиски столб, вели Станковиќ.

Според податоците на МАПАС, што ги изнесе директорот Ремзи Бајрами, во вториот пензиски столб има над 620 илјади членови и над 170 милијарди денари средства, а во третиот пензиски столб 35 илјади членови, а средствата се на ниво од 4,7 милијарди денари.

На 20 годишнината од реформата во пензискиот систем, пензиските друштва со кампања „Засади желба за стабилна иднина

Пензија старосна граница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.