Author: Marija Todorovska
Сиднеј: Силната бура што го погоди Сиднеј два дена по ред, денеска соборуваше дрвја, оставајќи илјадници домови без електрична енергија и принудувајќи ги домашните авиокомпании да откажат десетици летови.
Сега е време да инвестираме во она што сите го сметаат за гарантирано. А тоа се мирот и стабилноста, порача заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска за време на учеството на конференцијата на Економист во Грција, а паралелно ја нагласи неопходноста Алијансата да се приспособи на новата безбедносна реалност.
Лидерите на шесте партнери на ЕУ од Западниот Балкан на денешниот состанок со еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје ја потврдија својата решеност да ги искористат можностите што ги носи Планот за раст на регионот, соопшти Европската комисија по повод денешната лидерска средба во македонскиот главен град.
Петседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, изјави дека поддршката од Европската Унија за евроинтеграциите на Северна Македонија е силна и континуирана.
Македонија, држава каде што веќе станува луксуз да се купи леб, млеко и паштета, сега сака да ги преброи своите граѓани. Не за да им помогне, туку за да ги запише во некоја електронска база. Додека народот брои денови до следната плата – државата брои етнички квоти.
И денеска, во 40-тиот обид, пратениците на косовскиот Парламент не го избраа претседателот на Парламентот.
За Европската Комисија ситуацијата е јасна, доколку Северна Македонија ги исполни заложбите и го промени Уставот, што секако дека не е лесно, тогаш ќе започнеме веднаш со меѓувладината конфернција без било какви дополнителни политички условувања, порача Еврокомесарката Марта Кос, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје, за барањата од Софија, освен уставни измени, да се усвојат и протоколите.
Европа е зафатена од силен топлотен бран, кој веќе одзеде два живота во Италија. Во Болоња, 47-годишен работник почина откако му се слоши на градилиште, додека 70-годишен маж се удави во ненадејни поплави во близина на Торино.
Мартин Костовски: Ветуваше независност и чесност, а заврши како тројански коњ, слеп извршители на политичката агенда на ВМРО-ДПМНЕ, небитен фактор и лажен патриот, целосно заглавен во криминал и корупција.
ЦИВИЛ – Центар за слобода упатува најсилна и најостра осуда на континуираниот, систематски и нечовечки терор што го спроведува руската воена машинерија врз народот на Украина. Бруталноста мора да престане – Украина страда, светот не смее да молчи! Секоја ракета што паѓа врз Украина е удар врз глобалната безбедност и вредностите на слободата. Секоја тивка поддршка за Путиновата политика е чекор кон свет без ред, без право и без иднина.
Првпат во историјата на Европа, доколку правилно работиме, со процесот на проширување можеме да ја обединиме Европа. Европа не може да биде обединета без Западниот Балкан, им порача еврокомесарката за проширување, Марта Кос на лидерите на земјите од Западен Балкан денеска во Скопје.
Славјанка Петровска: ВМРО-ДПМНЕ треба да се запраша што правеше година дена, како тоа од водење на горда дипломатија и со наводно „исправена кичма“, се доведе во ситуација да пратеник од сестринска партија поднесе амандман со кој сака да го проблематизира македонскиот јазик, јазикот на оваа држава, на македонскиот народ.
