Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

0
By Marija Todorovska on July 1, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 1, 2025 16:07

Сега е време да инвестираме во она што сите го сметаат за гарантирано. А тоа се мирот и стабилноста, порача заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска за време на учеството на конференцијата на Економист во Грција, а паралелно ја нагласи неопходноста Алијансата да се приспособи на новата безбедносна реалност.

Шекеринска рече дека конкретната дискусија за инвестиции во одбрана иако е тешка, сепак е неопходна и посочи дека е потребна искреност од политичарите до граѓаните, кога станува збор за конкретната тема.

 Доаѓам од земја и регион кој сè уште се сеќава на војни. И знам дека, во моментот кога ќе ги изгубите мирот и стабилноста, сè, сите економски бројки, сите проценти од БДП, исчезнуваат. Затоа мислам дека она што ни е потребно, и тука се однесува на сојузниците, е искрен разговор со јавноста. А она што го видовме е дека јавноста ја цени искреноста. Секој политичар би имал многу полесна задача да излезе пред своите граѓани и да каже: „Сега ќе ги трошиме сите овие пари на нешто друго“. И така правевме многу, многу години. А сега е време да инвестираме во она што сите го сметаат за гарантирано. А тоа се мирот и стабилноста, истакна заменичката на генералниот секретар на НАТО.

За одлуките од НАТО Самитот за одвојување пет отсто за одбраната, Шекеринска рече дека се свесни дека е големо барање од владите, даночните обврзници и граѓаните, но „заканата со која се соочуваме е целосно различна и сите се прилагодуваме“.

Ние не ги бираме времињата во кои живееме, но мора да се прилагодиме на реалниот свет, посочи Шекеринска и се осврна на тоа дека „голем број сојузници веќе се погрижија нивните амбициозни планови навистина да го постигнат нивото од 3,5 отсто“.

Се задржа и на потребата за вклучување на одбранбената индустрија во стратешкото планирање, велејќи дека „не можеме да чекаме пет или десет години на производи“, но и нагласувајќи ја важноста на комбинирање на иновацијата со традиционалната одбранбена индустрија.

Ајде да најдеме поиновативно решение за заканата, за пристапот, за планот, за имплементацијата на планот. И вака се надеваме дека ќе ја споиме иновацијата со одбранбената индустрија. Но фокусот во наредниот период нема да биде само владите да испорачуваат, туку многу повеќе и одбранбената индустрија да испорачува, затоа што имаме прилично голем број сојузници кои велат: имаме барања до одбранбената индустрија, до произведувачите, заинтересирани сме. Сигналот за побарувачка е јасен, не само поради самитот, туку и поради целта за капацитет. А потоа ни велат – добро, можете да се вратите за пет или десет години. А тоа е нешто што сакаме да го избегнеме, истакна Шекеринска.

Објасни дека токму затоа на НАТО Самитот во Хаг беше организиран големиот индустриски настан и изрази верување дека „постои заеднички интерес и кај одбранбената индустрија и кај сојузниците да се произведува повеќе, подобро, попаметно, и навистина да се направи оваа комбинација од иновација и типична одбранбена индустрија“.

НАТО Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.