Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ: Русија ја претвори Украина во бојно поле на страдање – светот мора да застане на страната на правдата и човештвото!

0
By Marija Todorovska on July 1, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 1, 2025 12:25

ЦИВИЛ – Центар за слобода упатува најсилна и најостра осуда на континуираниот, систематски и нечовечки терор што го спроведува руската воена машинерија врз народот на Украина. Бруталноста мора да престане – Украина страда, светот не смее да молчи! Секоја ракета што паѓа врз Украина е удар врз глобалната безбедност и вредностите на слободата. Секоја тивка поддршка за Путиновата политика е чекор кон свет без ред, без право и без иднина.

Русија продолжува со агресијата врз Украина, оставајќи зад себе урнатини, солзи и човечки трагедии. Бруталните напади врз цивилни цели – се директен удар врз основните човекови права и меѓународното хуманитарно право. Нема ништо оправдано во инвазијата. Нема ништо праведно во убивањето деца, во гранатирањето болници, во рушењето на домови… Русија води брутална, деструктивна и неиспровоцирана војна против Украина – и таа војна не е само геополитички конфликт. Таа е човечка катастрофа што секој ден одзема животи, иднини, надежи.

Од 24 февруари 2022, Украина е под жестока агресија. Руските воени сили целат кон цивилни објекти, спроведуваат масовни депортации и мачења. Злосторствата не се „колатерална штета“. Тие се дел од системски план за уништување на независноста и достоинството на еден народ.

И додека украинскиот народ секојдневно се бори за живот, достоинство и слобода, светот е должен да заземе јасна позиција. Да се молчи пред овие злосторства значи да се биде соучесник.

ЦИВИЛ повикува на итен прекин на воените дејства, заштита на цивилното население и силна меѓународна осуда на руската бруталност. Мировниот процес не смее да биде празна фраза – тој мора да биде итна реалност.

ЦИВИЛ јасно и гласно го осудува продолжувањето на руската агресија. Повторуваме: агресорот е Русија. Жртвата е Украина. Меѓународната заедница нема луксуз да биде рамнодушна. Неутралноста во ваква војна не е морална позиција – таа е предавство на вистината и правдата.

Бараме:

  • итен прекин на огнот и повлекување на руските сили;

  • правна одговорност за извршителите на воени злосторства;

  • поддршка за украинските бегалци и обновување на уништеното;

  • безрезервна солидарност со украинскиот народ.

Мирот не е тишина по бомбардирање. Мирот е правда, слобода и достоинство. Без нив, секоја тишина е само пауза меѓу две експлозии.

Русија Украина Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.