Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Томе Христов
Црвената пиперка и годинава e неисплатлива за одгледување, велат струмичките земјоделци, во екот на бeрбата цената на пиперката се откупува по 20 денари; и сточарството во југоисточниот дел погодено со болести
Граѓаните кои живеат и гравитираат во првата зона нема да плаќаат за паркирање на своите возила, а доколку имаат второ возило, за него ќе треба да плаќаат 300 денари месечно. За лицата со посебни потреби определени се 22 паркинг места и истите ќе ги користат бесплатно, а предвидени се и 28 паркинг места за такси возила
Децата од ОУ „Даме Груев“ од струмичкото село Свидовица повторно ќе имаат настава и ќе можат да одат на училиште од понеделник. Проблемот со кровот кој прокиснува како еден од од неколкуте во образовниот систем за кој пишуваше НОВА ќе биде решен
„Од вчера колегите почнаа телефонски да се јавуваат за да ни кажат дека имаат засилени притисоци да не излезат на штрајк. Денеска од општина Босилово поради тие причини рекоа дека најверојатно нема да го поддржат штрајкот во понеделник“, вели претседателот на СОНК во Струмица, Никола Џорлев
Но првиот школски час нема да го паметат по добро првачињата од основното училиште „Даме Груев“ во селото Свидовица, струмичко. Состојбата таму е катастрофална. Во случај на дожд дечињата мора да стојат во ходниците, па дури и да излезат надвор од училиштето
Професорот Ташев од струмичката гимназија секојдневно гледа како неговите поранешни ученици животот го продолжуваат надвор од земјава. Отуството на перспективи за образование и вработување, како и партизацијата на општеството креираат тивок егзодус на младите Македонци
И покрај демографскиот баланс на жителите по пол, мажи и жени, забележително е дека жените во многу помал број учествуваат во одлучувањето, во креирањето на важни политики и стратегии во општина Струмица, особено жените од руралните подрачја
Струмичките земјоделци најавија протест пред Владата и надлежните министерства доколку не се исполнат нивните барања за добивање на субвенциите, поради како што велат немање пари за спремање на производство за следната сезона
Томе Христов: Бидете стрпливи извадете билет и сите ќе добиете јадење. И волкот сит и овците на број. Вака од денеска градот Скопје ја намалува сиромаштијата, а ќе ги здружи луѓето по етничка и духовна основа.Имбецилна формула која гласи: „Да се радуваш што гледаш колку гладни луѓе имаш во градот“
Поделби постојат и ќе постојат, а дојде време и двајца браќа да не си зборуваат заради тоа што припаѓаат или се симпатизери на две различни партии“, раскажува Ратко Момчилов, пензионер од последното населено место Владевци на излезот од Струмица кон Радовиш
Министерството за образование и наука го воведува како задолжителен предметот Иновација и претприемништво, иако веќе една недела тече наставата во основните училиштата. Наставниците кои ќе држат настава по овој предмет допрва ќе се обучуваат
Струмичкиот градоначалник Зоран Заев обвини дека ресорното министерство не им дава дозвола за вработување на нови кадри на местото на пензионираните веќе подолго време