Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Струмица: Жените почнуваат да се вклучуваат во креирање на политики во општината

0
By Томе Христов on September 19, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 19, 2014 11:47

И покрај демографскиот баланс на жителите по пол, мажи и жени, забележително е дека жените во многу помал број учествуваат во одлучувањето, во креирањето на важни политики и стратегии во општина Струмица, особено жените од руралните подрачја. Ова е констатацијата од спроведувањето на проектот „Активно вклучување на жените во процесите на носење одлуки“ од страна на Организација на жени од Струмица. Од таму велат целта е поголема информираност и учество на жените од населените места во креирањето на локалните политики.

„Токму од тие причини ,а тргнувајќи од законските регулативи за еднаквоста на мажите и жените, отпочнавме со реализација на овој проект, со надеж дека жените од населените места ќе ги поттикнеме да покажат поголема заинтересираност за учество во процесите на носење одлуки, вели Ленче Христова, координатор на проектот.

„Жените во нашето село немаат навика да излегуваат и на собирите со градоначалникот на општината кои се одржуваат секоја година, затоа што мислат дека мажот е тој на кој му е зададена оваа улога, а жената треба да седи дома и да се грижи за фамилијата. Постојат и случаи каде сопругот не ја пушта својата сопруга да излезе и да зборува со други жени за прашања битни за општественото живеење“, вели Реска Георгиева од струмичкото село Добрејци.

Од Организација на жени велат дека на почетокот од проектот оствариле средба со советниците во општина Струмица, односно со членовите на КЕМ за да ги запознаат со активностите, заради нивно вклучување во истите и воспоставување на идна заедничка соработка за прашања кои ја третираат еднаквоста меѓу луѓето.

„Членовите на КЕМ, од редовите на различни политички партии, со задоволство ја прифатија соработката и вклучувањето во проектните активности, затоа што оваа проблематика не познава политичка или друг вид на припадност, односно станува збор за прашање од интерес на сите, прашање од суштинско значење за животот во нашата заедница“, вели Христова.

Незаинтересираноста на жените самите да променат нешто е видлива насекаде. Афирмативните мерки за поголема вклученост на жените во Парламентот, Советот дадоа резултати, но не постојат законски квоти кои предвидуваат поголем процент на жените на собири на граѓани, состаноци во месни заедници и оттука, многу е важно жените да бидат анимирани и информирани за можностите и тие да дадат свој придонес во одлучувањето на локално ниво. Нивната незаинтересираност досега е еден од клучните фактори за неучество во овие процеси, но и партиската поделба меѓу луѓето, додаваат од невладината организација.

„Жените, поаѓајќи од досегашното животно искуство, се незаинтересирани и мислат дека ништо не можат да променат во оваа област, па затоа и не се вклучуваат во ваквите процеси. Тие мислат дека мажите се оние кои што треба да одат на собири и состаноци и тие да предлагаат и одлучуваат. Но, од друга страна, и се поголемата партиска поделеност меѓу населението има влијание врз сето ова, затоа што жителите се повеќе се собираат во партиските штабови, а не во месните заедници. И, кога станува збор и за вакви прашања кои не засегаат сите, дури и постои недоверба дека не станува збор за политика, па затоа е многу важно што во овој проект се вклучени сите и постојано се истакнува дека партиските политики се настрана од овие активности“, вели Каролина од село Муртино.

Од невладиниот сектор велат, поддршката од општина Струмица за еден ваков проект, покажува дека сите важни субјекти сериозно ја сфаќаат важноста на прашањата околу еднаквите можности на жените и мажите.

Во општина Струмица, според последните статистички податоци, живеат вкупно 54.676 жители, од кои 27.340 (50,01%) мажи и 27.336 (49,99%) жени. Општината брои 24 населени места и градот Струмица.

Од Организација на жени очекуват после средбите и работилниците со жените и откако ќе бидат избрани приоритетите и истите бидат доставени до градоначалникот и до Советот на општина Струмица, дека најмалку три од нив ќе станат составен дел на Буџетот на општината за 2015 година, што е еден од најзначајните резултати предвидени во проектот“.

Проектот е целосно поддржан од општина Струмица во рамките на Програмата за социјална заштита во износ од 295.900 денари од буџетот за 2014 година. Во рамките на програмата за финансиска поддршка на фондации и здруженија на граѓани, општината поддржа вкупно 24 проекти на граѓански организации, од кои пет од областа на социјалната заштита со вкупен износ од 598.486 денари и 16 од областа на ЛЕР, култура, образование, здравствена заштита, заштита и унапредување на животна средина, млади и младински политики, во износ од 1.708.687.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.