Author: Xhabir Deralla
Здружението „Лесја Украинка“ организира митинг за одбележување една година од воените злосторства во Буча, Украина, утре, кај споменикот на Тарас Шевченко во паркот „Жена борец“, со почеток во 16:30 часот.
Или: Како да се избегне самозалажувањето во ерата на Студената војна 2.0? – Политички есеј објавен во интернет порталот на англиски јазик Civil.Today; во соработка со Хедер Роберсон Гастон ЏАБИР ДЕРАЛА На крајот на првиот квартал од оваа исклучително тешка година, гледаме дека повеќето од прогнозите се остваруваат. Рецесија, криза, климатски промени, зголемување на НАТО капацитетите и буџетите за одбрана и производство на муниција, игрите на моќ на Кина и продолжување на руската брутална и уништувачка војна против Украина.
ЏАБИР ДЕРАЛА Рашистите и русоманите се силно вознемирени. Секој ден се погодени, како со ХИМАРС, со сите наши вести, анализи и колумни во кои објавуваме факти за војната што ја водат Русите против Украина и слободниот свет. За срамните порази на фронтот што ги трпи руската солдатеска, а потоа спроведува садистички репресалии и терор врз цивилното население.
ЏАБИР ДЕРАЛА Истиот ден беа познати името и презимето на наставничката што беше приведена во полициската акција во Скопје во која беа запленети дрога, оружје и пари, и беше откриена лабораторија за производство на амфетамини. Децата од другите училишта, ги наслушнаа своите родители дома и наставниците на училиште и веќе до вечерта имаа едно чудо приказни за овој настан. Со брзина на хиперсонична ракета дознавме разни работи за наставничката – предметот кој го предава, нејзината возраст, начинот на облекување и шминкање, која „партија ја вработила“… Не е важно дали сето тоа е вистина или не, важно е дека „се знае“.
ЏАБИР ДЕРАЛА Тридневната државна посета од кинескиот претседател Ши Џинпинг, кој слета во Москва на 20 март, не можеше да дојде во подобар момент – за Путин. Оваа највисока кинеска дипломатска посета за Путин претставува огромна морална поддршка. Меѓу другото, и затоа што Џинпинг слета во Москва само три дена по налогот за апсење што го издаде Меѓународниот кривичен суд, кој го сомничи за воени злосторства.
ЏАБИР ДЕРАЛА Општа, па и донекаде чудна е и самата формулација „нормализација на односите меѓу Србија и Косово“. Тоа може да значи многу нешта и ништо во исто време. Но што и да значи нормализација, тоа сигурно е подобро отколку тоа што се случува во односите меѓу двете балкански држави, кои не се признаваат меѓусебно и постојано живеат во затегнати односи и кризи.
ЏАБИР ДЕРАЛА Злосторникот, се прикраде под плаштот на ноќта, и дојде на местото на злосторството. Без срам, во знак на крајна ароганција и омаловажување на меѓународната правда која издаде налог за негово апсење, воениот злосторник, рускиот диктатор, Владимир Путин, дојде да се слика во окупираниот украински град Мариупол.
Средбата на лидерите на Србија и Косово (Охрид, 18 март 2023) е регионален и европски настан од највисок ранг, на која се решава едно од најгорливите прашања во регионот и пошироко. Разговараме со Марјан Забрчанец, Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, за значењето на овој настан, како и за улогата на нашата земја во овој и во поширок контекст.
Пред критичната средба, поддржана од ЕУ, меѓу косовскиот премиер, Албин Курти, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 18 март во Охрид, ЦИВИЛ Медиа разговара со политичкиот аналитичар Астрит Истрефи, извршен директор на Балкан Форум, истакната тинк-тенк организација од Косово.
Неколку луѓе се убиени и повеќе се ранети во пукањето во салата на Јеховините сведоци во Хамбург, соопшти полицијата во Хамбург во четвртокот вечерта, додека тимови на специјална полиција влегоа во зградата во тактичка опрема за да го бараат напаѓачот, пренесува Вашингтон Пост.
Веста е на крајот од текстот! ЏАБИР ДЕРАЛА Родовата еднаквост е 300 години далеку од нас, рече генсекот на ОН, Антонио Гутереш, на почетокот на големата двонеделна женска конференција, на која се собрани повеќе од 4.000 учесници – владини министерки и министри, дипломатски и граѓански активист(к)и од целиот свет.
Познат е идентитетот на невооружениот украински војник кој, пред камера, беше брутално убиен од руските агресори, објави ЦИВИЛ Медиа.