Author: Zoran Ivanov
Влијанието на академиците не завршува во училниците или колумните. Тоа ја обликува јавната перцепција, го омекнува отпорот кон руската агресија и ги нагризува темелите на европската безбедност.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека пристигнал во Вашингтон, каде што треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека сака да ја заврши војната брзо, но со траен мир.
Нивното предавање на Русија сега би било „трагедија“, вели украинскиот историчар Јарослав Гричак. „Тоа е украинска територија“, вели Гричак. „А луѓето од овие области, особено рударите, одиграа огромна улога во зајакнувањето на украинскиот идентитет“. Областа, исто така, произведе „познати политичари, поети и дисиденти“, вели тој. „А бегалците нема да можат да се вратат дома сега ако стане руски“.
Една паралелна игра од ЕУ кон Русија можеби би била излезно решение за Европејците (под услов да не се раскараат меѓу себе). Играта на Трамп станува губитничка, ако ЕУ му сврти грб.
Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33. роденден на македонската Армија. Повеќе од три децении исполнети со посветеност, пожртвуваност, знаење, храброст и одлучност во служба на Татковината ќе бидат одбележани со пригодна програма и присуство на високи државни и воени претставници.
Рубин Земон: Конечно, после 24 години за прв пат профункционира механизмот на “двојното гласање”, т.е., т.н. Бадинтерово мнозинство во Собранието. Поточно кажано, со немањето на Бадинтеровото мнозинство во Собранието, не помина предлог закон со мајоризација или прегласување. Дали се научија лекциите, ќе видиме после локалните избори! Извор: Фејсбук
Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош во јужниот дел на Газа, објави Медицинскиот комплекс Насер, јавува Ал Џезира.
Вашингтон: Додека Володимир Зеленски и Урсула фон дер Лајен ја одржуваа заедничката прес-конференција во Брисел пред утрешната средба со него во Вашингтон, американскиот претседател, Доналд Трамп објави краток коментар на неговата социјална мрежа „Truth Social“ за преговорите што во петокот ги имаше со рускиот претседател со Владимир Путин.
Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, на обраќањето пред младите социјалдемократи на традиционалниот младински камп „Трајче Нешковски“ во Охрид остро ја критикуваше власта на ВМРО-ДПМНЕ за погрешните политики и уништувањето на перспективата на младите, се вели во соопштението од СДСМ.
Европски лидери, вклучувајќи го францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, ќе се придружат утре на украинскиот претседател Володимир Зеленски на неговата клучна средба во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп, јави ДПА, пренесе МИА.
Белград: Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска најави „решителна акција на државата за враќање на мирот и поредокот во Србија“, а за „уништувањето“ ги обвини оние што ги палат просториите на Српската напредна партија (СНС) и државните институции и ја напаѓаат полицијата на улиците за време на митинзите.
