Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Украинскиот фронт како перална на европската совест

0
By Zoran Ivanov on August 17, 2025 ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗБОР, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 17, 2025 23:19

Зоран Иванов

Иако не бил и не е мој новинарски фах, еве пак ќе се дрзнам и ќе констатирам дека купче запалени и залетани ЕУ лидери и светски и по некој од овдешните воени и воено стратегиски аналитичари, крајно нереално волунтаристички и, за жал, неостварливо, се залетуваат дека ЕУ, НАТО, САД можат да ја столчат Русија, оваа Путинова тоталитарна и оваа Русија која и ресурски е влезена во целосна воена состојба.

И сега, во еден таков реален амбиент, сите, минус еден или минус двајца од ЕУ, плус Британија, ама и минус оваа Трампова САД, се загнале воено да ја скротат агресорска Москва.

И не јасно е дали се сериозни, дали гледаат на тарот карти или …

Сите тие, сите нивни пари и сето нивно оружје за Украина, се врз товарот на топовското месо на украинските воини и на украинските граѓани.

Не врз своите граѓани и врз своите армии туку врз украинската армија и врз украинските граѓани.

И така фино тие ветуваат дека ќе му трупаат оружје на Зеленски, дека ќе му даваат кеш за буџетот и за војната ама тие ЕУ лидери вербално толку силни на цивилизациските принципи, никако да гукнат дека ако агресорот продолжи да ја гази Украина, ако Путин нема намера да се повлече зад украинско – руската граница, тие, овие ЕУ лидери, преку НАТО или без НАТО, индивидуално или секоја од нивните ЕУ држави посебно или меѓу себе здружено, мамето ќе му ја расплачат на агресорот.

Дека со своите војски или барем со своите воени средства, ако мораат и плоштадот црвен ќе го подберат доколку бргу не ја запре агресијата и доколку бргу не се повлече до својата граница отаде Украина.

И сега, во отсуство на една таква најава, на една таква воинствена подготвеност на ЕУ земјите, на нивните лидери и во услови на целосното девастираното меѓународно право, чуденката е што туку се ку.чат ЕУ лидерите кога освен пари не се подготвени за никаква друга жртва за враќање на принципите на светскиот поредок утврден уште `45-та со повелбата на ООН.

Оттука, и ова утре во Вашингтон пред луцидниот Трамп ќе биде само: Ние  рековме, ние …, бла, бала.

Вавилонци блефери децениски, море и вековни.

Во отсуство на јасни ставови, на јасна, силна и моќна подготвеност за воен судир со агресорот и без видлива намера да се одговори соодветно, адекватно и идентично на руските агресорски дејствија, сето натаму е само вербален европски ку.верај.

Само чаталење со некакви правни и морални принципи додека Украина крвари под окупација.

И затоа, и тоа утре во Вашингтон кај и со Трамп, ќе биде само уште едно ЕУ продавање пуфки за право, за правда, за морал. Поими и состојби кои Путинова Русија не ги познава.

Затоа, ако сте фраери ајде, со вашите воени капацитети, влезете директно во конфликт со агресорот.

Пробајте да ја ослободите земјата и да го поштедите народот украински уште да страда да гине.

Ако пак не сте подготвени, како што очигледно не сте, ако немате м.да  на агресорот да одговорите агресорски, тогаш бар олабавете со дипломатските блефови и со подгревањето лажни надежи со кои само си ја перете совеста пред сопствените и, секако, еве, и пред моите никому неважни принципи.

Впрочем, и историјата добро забележала дека не важат принципи во амбиент на непринципи и дека на сила се оди само со сила, на агресија со агресија.

При нефункционирање на утврдените меѓународни правила е неможно со принципи да се спротивставите на непринципи.

Неможно е освен на агресија со агресија па …

Второ нема. Ниту трето.

Прашајте ја историјата, ќе ви каже.

Затоа пак: Ова утре во Вашингтон, ова ЕУ и ЕУ лидери на средба со Трамп, е само евтина парада на моралот пред неморалот и на принципите пред непринципите.

И по утре Вашингтон, страдањата на фронтот ќе им останат само на Украинците.

А вие, вие Европјани, ќе си се вратите дома од Вашингтон со „чиста“ совест дека сте направиле што сте можеле.

Да, ама украинскиот фронт не е перална за европската совест.

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.