Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Zoran Ivanov
Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мисли дека Владимир Путин ќе го слуша кога станува збор за запирање на инвазијата на Украина, откако претходно го повика рускиот претседател во објава на социјалната мрежа „Трут сошијал“ тоа да го стори. Сепак, официјалните податоци објавени во медиумите покажуваат дека повеќе од 200 дронови и проектили во текот на изминатите два дена биле насочени кон главниот град на Украина. Тоа беа балистички ракети, проектили лансирани од бродови и ракети од авиони како и беспилотни летала. За жал, некои од нив ги погодија своите цели. Русите велат дека сето тоа се воени цели. Убиените…
Група студенти стартуваа денеска маратон со трчање до Брисел, со цел да го привлечат вниманието на европските институции кон ситуацијата во Србија.
Левица утринава упати обвинување до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, односно дека неговиот татко во 2013 година бил осуден за измама на 8 лица заради примање мито при посредување за инвалидски пензии.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп и високи членови на американската администрација во Вашингтон, изјави дека Русија останува долгорочна закана за Алијансата, пренесе ДПА.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, повикувајќи се на извештај на Врховниот командант на украинската армија, Александар Сирски, утринава изјави дека руските сили се обидуваат да ги искористат воздушните напади како параван за засилени копнени напади, но дека овие напади биле одбиени.
Приштина: Мисијата КФОР во Косово, предводена од НАТО, денес објави дека и се придружиле и војници од Белгија, Луксембург и Холандија.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека подготвеноста на Русија да не ја освои целосно Украина претставува „многу голема отстапка“ од страна на Москва, јави ДПА. Зборувајќи на состанокот во Белата куќа со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, Трамп беше прашан од новинар какви отстапки понудила Русија за да се постигне мировен договор со Киев. Трамп одговори: Запирање на војната, запирање на преземањето на целата земја. Американскиот претседател рече дека е уверен дека наскоро ќе биде постигнат мировен договор.
Ниту една здравствена и образовна институција поддржана од Србија, ниту други структури во Косово кои Србија ги поддржува за обезбедување на основни социјални услуги, не треба да бидат затворени, соопштија официјални лица на ЕУ, пренесе Косово онлајн.
Во рамките на постапката што се води за предметот „Адитив“, како резултат на екстрахираните електронски докази обезбедени во досегашната постапка, предметните обвинители донесоа Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица, соопшти вечерва Основното јавно обвинителство.