Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вози Мицко ама вози пополека

0
By Zoran Ivanov on August 9, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 9, 2025 15:34

Дај им по еден празен лист А4 формат на, Милошоски, Николовски, Димовски, Дафа, Пандов и други, нека напишат во кратки црти од каде им се парите за … Што да ти речам за Грујо, за Мијалков, за Латас, за Ѕинго мал, за Стојемнов…? Ако имаш муда, пробај таму испитај го … 

Борче Трајковски

Мицко ќе спроведува акција за испитување на потекло на имот. Не знам дали е ова точна информација, но, ако е точна ондак, Супер… Вози Мицко…

Ама вози пополецка, например, не мора да почнеш од себе, еве почни со Љубчо Георгиевски. Нека испитаат надлежните од каде му е почетниот капитал на едномандатниот премиер за да стане средно богат бизнисмен, за кој во кулоарите се шпекулира дека “тежи“ неколку стотици милиони евра? Како тоа после четиригодишен мандат на премиерската позиција од “вошкар“ се станува голем газда во Македонија која не ја признава, не ја есапи за своја држава, туку за бугарска, односно српска бановина…

Испитај го потеклото на почетниот капитал на двомандатниот градоначалник на тогашна Општина Чаир, познат како “Симпли д’ бест“ Аце Миленковски, како со наставничка плата, па и со градоначалничка се стекнува капитал вреден десетици милиони евра, како се гради хациенда со олимписки базени од неколку милиони, како се купуваат објекти низ државава за џабалак, како се отвара Туристичка “тезга“ во “кватростаџоне“ за шиткање дипломи, кобожем универзитет?

Испитајте ги популарните пратеници во сите ДПМНЕ овски мандати, (и СДСМ овски) од каде преку бедата се здобија со луксуз, со станови и куќи, викендици, со непроверни ама “дебели“ салда на сметките, со станови и вили низ мкд туристичките дестинации, на Халкидики и слични места?

Или, испитај како Сашо Станинов стана сопственик на епицентрални објекти во Скопје, и со чиви пари ги откупил за да станат негови, после само еден мандат во УЈП? Објектите на “ЗУС“ и “Фотоцентар“ се познати, непознатите треба да се проверат, а ги има. Испитајте му ја и состојбата на сметките, и прашајте го од каде, кога и како му тргнал бизнисот, со чиви пари почнал да гради бизниси…?

Прашај го Мицко шоферот на Ламбе со чиви пари ги купи акциите на Македонска банка и ја рикна?

Прашај ги телохранителите на Љубчо и Грујо како се стекнаа со капитал, милионски бизниси и со чиви пари…?

Дај им по еден празен лист А4 формат на, Милошоски, Николовски, Димовски, Дафа, Пандов и други, нека напишат во кратки црти од каде им се парите за имотот и капиталот кои го поседуваат сега, (тие или нивни роднини сеедно, сите биле голтари пред овие да станат државни чиновници), нека обајснат како од пратеничките плати, или министерските, од позициите на лежерност дека државата се’ им плаќа, се’ стекнале со сиот овој капитал со кој сега располагаат, а вреди стотици милиони евра…?

Што да ти речам за Грујо, за Мијалков, за Латас, за Ѕинго мал, за Стојемнов…? Ако имаш муда, пробај таму испитај го потеклото на имотот и капиталот. Тежи милијарди евра. Затоа таму не чепкај…

И да не редам понатаму, имаш Мицко дугачок список со кој може да се занимаваш многу години за да испитуваш потекло на имот и капитал, за да направиш конечна проценка за тоа дали станува збор за легален или нелегален капитал, и затоа, ова што го најавуваш е фарса, демагодија, лага за попрскани гласачи, ништо друго. Напад на ситна боранија од противничкиот политички табор, на кои твоиве ќе свршуваат. А можеш да тргнеш од актуелниве градоначалници, за греота се, Мицко, едвај врзуат крај со крај и после 4 години мандат, за жалење се, душички…

Токму затоа не се носи Закон за потекло на имот? Затоа што и таканаречената бизнис “елита“, транзициската олигархија, и онаа транзициско политичка апашка булумента од сите политички провиниенции, ќе мора да докажува од каде им е потеклото на почетниот капитал. Не да докажува од каде му е сегашното богатство, за повеќето од нив знаеме, туку, да посочат извори на почетниот капитал. Србите викаат, “мало прекосутра“…

Тенкју…

Од Фејсбук ѕидот на авторот

Борче Трајковски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.