Author: Zoran Ivanov

На поетот Славе Ѓорѓо Димоски и српската поетеса Радмила Лазиќ денеска им беа врачени наградите „Книжевен жезол“ за 2025-та кои традиционално ги доделува Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во рамки на поетската манифестација „Празник на липите“. Наградите на лауреатите им ги врачија претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на ДПМ, Живко Гроздановски.

Read More

Израел ги затвора амбасадите низ целиот свет и ги повикува своите граѓани да бидат внимателни и да не прикажуваат израелски или еврејски симболи на јавни места, се вели во соопштението објавено на официјалните веб-страници на амбасадите.

Read More

Обвинителството поднесе обвинение за пожарот во кочанската дискотека Пулс во која загинаа 62 луѓе. Обвинети се 34 лица кои со постапувањето или непостапување во системот предизвикале да се случи катастрофата. Во обвинението се опфатени и трите фирми на сопственикот на дискотеката кој е првообвинет.

Read More

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека Иран силно ќе одговори на нападите на Израел и дека легитимно ќе го брани интегритетот на земјата. Во своето обраќање до нацијата, тој рече дека израелскиот напад бил брутален чин што го крши меѓународното право и ја потврди „криминалната природа“ на израелскиот режим. Пезешкијан потврди дека голем број деца и жени, воени команданти и нуклеарни научници биле убиени во израелскиот напад врз Техеран и други градови низ земјата, објави иранската новинска агенција ИРНА.

Read More

Македонските студенти ќе можат да користат 20 стипендии годишно за да студираат во Унгарија на унгарски или на странски јазик. Од Министерството за образование и наука денеска соопштија дека приоритет ќе имаат апликанти кои сакаат да студираат во областа на наука, технологија, инженерство и математика (СТЕМ), како и медицински и здравствени науки и земјоделство.

Read More

Повеќе од десет полицајци и поранешни началници на полицијата од Кочани и Штип се уапсени вечерва во акција раководена од ОЈО ГОКК, како осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Дел од нив, според „Скопје1“ се и началници кои биле на функцијата во март, кога се случи трагедијата во која загинаа 62-ца млади луѓе.

Read More

Израел потроши години подготвувајќи се за операцијата против нуклеарните и ракетните програми на Иран, која беше започната рано наутро во петокот, изјави безбедносен функционер за „Тајмс оф Израел“, вклучувајќи изградба на база за беспилотни летала во Иран и шверцување на прецизни системи за оружје и командоси во земјата.

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп денес го повика Иран да склучи договор за неговата нуклеарна програма, наведувајќи дека Техеран сè уште има време да спречи понатамошен конфликт со Израел и предупреди дека последователните напади ќе бидат уште пожестоки.

Read More

Војната меѓу Израел и Иран ќе има влијанија врз цената на нафтата и во Македонија, смета претседателот на Регулаторната комисија за енергетика водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимовски, но не очекува влијание на цените на останатите продукти.

Read More

Бранко Тричковски: Иран не го послушал Трамп, Израел не го послушал Трамп, Русија не го послушала Трамп, Калифорнија не го послушала Тгамп, Меланија не го послушала Трамп, Харвард не го послушал Трамп, Канада не го послушала Трамп, Гренланд не го послушал Трамп, Кина не го послушала Трамп, Мексико не го послушал Трамп, Маск не го послушал Трамп.

Read More