Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Со ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ и Дојран пресушува

0
By Zoran Ivanov on August 7, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 7, 2025 12:58

Дојранското Езеро, едно од нашите најзначајни природни богатства, заштитено подрачје и туристичко место е под сериозна и реална закана поради катастрофалната негрижа на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ. Алармантна е состојбата со хидросистемот Ѓавато. Речиси четири месеци водата не тече низ каналот, систем изграден за да го одржува водостојот на Езерото и да спречи негова деградација, вели Љупчо Стојановски од Комисијата за животна средина на СДСМ.

Пумпите кај Богданци се исклучени, делови од системот се уништени, цевководот е во распаѓање, а коритото е целосно неодржувано. Иако, Министерството за животна средина и просторно палнирање е задолжено да обезбеди финансиски средства во буџетот за 2025 година за реконструкција на хидросистемот, негово ставање во функција за да се обезбеди дотур на вода во Дојранско Езеро.

Од ноември 2024 година, Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ја лаже јавноста дека ќе го санира системот. Досега – ништо, вели тој.

Како што, додава, не е направен ниту еден конкретен чекор.

Последиците веќе се видливи. Хидросистемот Ѓавато не функционира. Дојранското Езеро нема дотек на вода. Нивото на езерото е под дозволениот минимум. Биодиверзитетот е загрозен. Туризмот трпи штети. Егзистенцијата на стотици семејства е доведена во прашање. Премиерот Мицкоски, наместо да побара одговорност и да понуди решенија, влезе во јавен конфликт со новинарка која го постави легитимното прашање за состојбата со хидросистемот. Кого бранеше Мицкоски, дали својот коалициски партнер? Што прави ЗНАМ, ова ли е нивната грижа? Каде е коректорот? Или само бизнисот во Куманово го интересира? Ова не е прашање на политички односи туку на животната средна, додадде Стојановски.

СДСМ, мкако што нагласи, бара итна и реакција од институции, пред се министерството за животна средни:

Да се санира веднаш и да се пушти во функција системот Ѓавато. Да се воспостави редовен мониторинг за нивото на водата и јавноста да биде навремено информирана.

Секој следен ден неактивност е директен удар врз животната средина, врз граѓаните и врз иднината на регионот.

Не смее да се дозволи Дојранско езеро да стане жртва на неспособноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ.

Дојран ДПМНЕ ЗНАМ пресушува СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.