Author: Zoran Ivanov
Бројот на жртви во војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа надмина 55.000, соопшти Министерството за здравство во понеделник. Министерството не прави разлика помеѓу цивили и борци, но рече дека жените и децата сочинуваат повеќе од половина од загинатите.
Иако пукањата остануваат ретки во Европа, нападите со нож во училиштата се почести. Франција доживеа низа напади со нож во училиштата во последните години, вклучувајќи го и убиството на наставник од ученик во североисточна Франција во понеделникот.
Користиш алузии на христовата жртва (закова шајки во раце и нозе) за над етничката да ја разгориш и религиската нетолеранција. Занесен и јавнат над популистичкиот тигар, не ни знаеш каква штета околу себе нанесуваш, штета над заедничкото ткиво, за кое нели, требаше да направиме обид за да создадеме и над-национален консензус, да ја зајакнеме нашата позиција и внатре и надвор.
Стразбур: Словенија се уште не го признава хрватскиот јазик како малцински јазик, предупреди комитетот на експерти на Советот на Европа во извештај објавен денеска, и предложи, заедно со германскиот и српскиот, да биде признат како јазик на национачлно малцинство што традиционално се зборува во државата.
Скопје заслужува градоначалник со визија и вредности кои граѓаните сакаат да ги гледаат во водењето на главниот град. Очигледно е дека многу работи во управувањето со Градот треба да се променат за да стане модерен, одржлив и европски.
За твојата лична одговорност потребен ми е малку поголем простор, но и тука можам да кажам дека прв ќе дојдеш на дневен ред. Еден СЈО уништивте, вториот можеби ќе издржи да ве однесе таму кај што ви е местото. Производството на лажни обвинети, каков што го правиш Османи, и какви што направивте во лажната истрага за трагедијата во Кочани, ќе ти бидат сериозни отежнителни околност кои ќе говорат за твојата пресметливост, односно, нема да можеш да се вадиш на непресметливоста или на други психички пореметувања.
Сузана Јошевска Атанасовска: Најпосле имам впечаток дека силите на правосудството се здружени воспоставениот систем никогаш да не се промени. Иако навидум го критикуваат, на сите им одговара ваква безнадежно лоша состојба и од ден на ден допринесуваат истиот да стане се поотпорен на промени.
Проектот на семејството Трамп стана и српски скандал и очигледен пример за тоа колку далеку била спремна да оди една странска влада за да ги унапреди финансиските интереси на семејството на г-дин Трамп.
Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, преку социјалните мрежи упати апел до власта поврзан со отворањето на долгоочекуваната градинка во градот, за чие отворање пред периодот на локалните избори, тој веќе две недели ја барал министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, но вели дека не добил ниту одговор на барањето за средба. Како КРИЗЕН градоначалник, се обраќам со искрена молба до претседателот на Владата и министерката за финансии: 200 деца, во кои и деца на самохрани и повредени родители чекаат место во градинката. Слушнете го гласот на Кочани. Одобрете го пуштањето на градинката, пишува Крстевски во објавата со видеото, во кое…
Министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, денеска потпиша финансиски договори со Европската Унија во вредност од 80 милиони евра за повеќегодишни програми за заштита на животната средина, вработувања и социјална инклузија, пренесе агенцијата Мина.