Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бараме преку леб погача

0
By Zoran Ivanov on August 4, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 4, 2025 16:33

И македонските политичари сакаат во вакви услови, бргу да се најде место на агендата на големите европски сили за ревизија на „францускиот предлог“ или посветено да се позанимаваат со македонско-бугарските односи. Такви барања, контра сопствена членка, не беа возможни ниту во „униполарниот момент“ со кој владееше Америка и во „златното доба на ЕЗ“ кога „владееше правото“ зашто сојузите се формираат за да ги бранат интересите на своите членови, а камоли денес кога светот е на работ од Трета светска војна. А, сепак, Македонската власт ја критикува Унијата и бара со неа да води дијалог врз основа на правото и европските принципи. Друго не признаваме.

Денко Малески

Европската унија денес, со која сме во дијалог 34 години, не е онаа истата што беше пред руската агресија врз Украина и доаѓањето на Доналд Трамп на чело на Америка. А сепак, слушајќи ги нашите политичари на 2 август, човек би помислил како ништо да не се сменило. За жал, ништо веќе не е исто.

Други теми се на дневен ред. Теми врзани за опстанокот на човештвото. Еден британски премиер, Харолд Вилсон, има кажано дека седум дена се многу во политиката, а не пак 34 години, би додал. Па сега помислете само како звучат македонските правни придики за „принципи“ и „владеење на правото“ во ушите на европските политичари кога руските тенкови го погазија „светото“ правило дека една држава не може со сила да ја зголемува својата територија на сметка на друга, кое важеше од времето на Втората светска војна.

И додека сите во Европа, во татнежот на експлозии, се будат од сонот за перфектниот европски сојуз раководен од правото а не од силата, ние ламентираме токму врз тој замислен свет. Македонските политичари како да не се свесни дека две нешта ја сменија ЕУ – за секогаш.

Руската инвазија демонстрира дека кога една голема сила ќе почувствува „егзистенционална закана“, моќта а не правото одлучуваат за исходот. Дека ако нема дипломатија во форма на преговори и компромиси, правото ве води директно во нуклеарна војна.Тоа го покажа инсистирањето на правото секој народ да си го избере сојузот на кој сака да му припаѓа. Кампањата за проширување на НАТО со Украина водена од Америка и ЕУ, доживеа фијаско кога Русија со нуклеарна уцена окупирше четри украински области и Крим, пред тоа. Да се попушти пред руската уцена или да се оди во војна, па макар и нуклеарна, е дилемата сега. Трамп како да се определи за повлекување во обид да избегне нуклеарен судир, но има силна опозиција дома а европските политичари бараат војната да продолжи до победа на Украина. Во тек се преговори помеѓу големите европски сили за зголемување на помошта за Украина во обид Западот да продолжи со стратегијата за слабеење на Русија и предизвикување политички преврат кој би го симнал Путин од власт.

Со доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа на повидок е една поинаква Европа. Повлекувањето на американската моќ назад во своите национални граници наликува на повлекувањето на руската моќ од Источна Европа по падот на берлинскиот зид кој го означи крајот на Студената војна. Причината е идентична – банкрот на двете големи сили во финансирањето на своите империи, автократската и демократската. Оставена самата на себе да се погрижи за својата безбедност по неминовното поместувањето на американската моќ во Азија за да ја балансира моќта на Кина, Европа ја чекаат години на неизвесност . Имено, без Америка, гаранторот на нејзината безбедност и одлучувачки фактор на европското единство, на Унијата, со повлекувањето на американската моќ, и се заканува фрагментација.

Петте проценти од БДП во касата на НАТО можат да се протолкуваат и како подготовка за американското повлекување а не за јакнење на алијансата под американско водство, очајно посакувано од ЕУ. Трамп, кој има опозиција во конгресот за планот да го напушти НАТО, според ова сценарио, наскоро ќе може да им каже на домашните опоненти дека Европа може и сама да се финансира. Колку е Европа подготвена да се погрижи за својата безбедност визави нуклеарна Русија, застанувајќи под сопствен нуклеарен чадор и како до договор? Нема ли отсуството на американскиот „помирител“или хегемон, да ги разбуди старите ривалитети меѓу Германија, Франција и Велика Британија? Колку најавите за вооружувањето на Германија и со нуклеарно оружје ќе ги вознемири другите две европски големи сили водејќи кон безбедносен ривалитет наместо кон барање заедничка формулата за контрола и координација на некаква европска армија? Колосални, судбински дилеми.

Гледате ли со какви теми е соочена Европа и светот? И македонските политичари сакаат во вакви услови, бргу да се најде место на агендата на големите европски сили за ревизија на „францускиот предлог“ или посветено да се позанимаваат со македонско-бугарските односи. Такви барања, контра сопствена членка, не беа возможни ниту во „униполарниот момент“ со кој владееше Америка и во „златното доба на ЕЗ“ кога „владееше правото“ зашто сојузите се формираат за да ги бранат интересите на своите членови, а камоли денес кога светот е на работ од Трета светска војна. А, сепак, Македонската власт ја критикува Унијата и бара со неа да води дијалог врз основа на правото и европските принципи. Друго не признаваме. Друго е, се разбира, дипломатија, преговори, компромиси врз основа на постигнатата согласност меѓу членките на ЕУ формулирани во „францускиот предлог“.Не разбирам како, со таков став, власта, како слушаме, очекува членство во ЕУ до 2030 освен како оптимизам која нема основа во ништо друго освен во самиот себе.

Во што е основниот проблем? Проблемот на секоја држава е во успешното „димензионирање“во светската политика, море во кое пливаат китови и сардини. Народски кажано , преку леб да не бараш погача. Опстанокот на државите кои произлегоа од поранешна Југославија ќе зависи од нивната способност „да се димензионираат во меѓународната политика“, ќе напише Џорџ Кенан во предговорот на книгата „Другите Балкански војни“. Не мислам дека во светските околности во кои сме сега македонската политика, раководена од патриотски пориви да се „извојува се за нацијата“, успешно „се димензионира“себеси.

Текстот е сопственост на Либертас.мк

 

Денко Малески колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 18, 2026

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

ВЕСТИ July 18, 2026

Родителите на починатите во „Пулс“ порачаа дека случајот со трагедијата не е обичен судски предмет…

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

July 18, 2026

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.