Author: Zoran Ivanov
Со повеќе настани денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите.
Врнко Филипче: Позади кредитот од 6 милијарди евра се крие антологиски грабеж. Само што го потпишале договорот и веднаш потоа се сретнале со фирмите кои ќе бидат изведувачи. Каков тендер, каков Закон за јавни набавки. Сè е тоа една голема лага. Должнички оков врз следните генерации коваат без око да им трепне. Секое дете што ќе се роди следните 25 години, на самиот ден на раѓање ќе биде задолжено со 6.000 евра! Тоа нашата земја, нашиот народ не може да го издржи.
Родителите и блиските на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ утре попладне ќе го одржат седмиот „Марш за ангелите“.
Хамбург: Седумнаесет лица се повредени, од кои четворица се во животна опасност, во синоќешниот напад во Хамбург кога 39-годшина Германка со нож се нафрлила врз луѓето кои чекале на главната железничка станица, јави ДПА.
Најмалку осум лица се повредени изминатата ноќ во комбинираниот руски напад врз украинскиот главен град со ракети и беспилотни летала, соопшти градоначалникот на Киев Виталиј Кличко.
Хамбург: Германската полиција вечерва соопшти дека во нападот со нож на главната железничка станица во северниот град Хамбург, кој го изврши жена, се повредени најмалку 17 луѓе.
Белград: Припадници на српското Министерството за внатрешни работи и на Управата за гранична полиција попладнево пронашле импровизиран камп на мигранти во близина на хрватската граница, при што мигрантите ги нападнале полицајците со огнено оружје, а во престрелката еден мигрант е убиен, јавија српските медиуми.
Русија и Украина реализираа најголема размена на затвореници од почетокот на руската инвазија, во која учествуваа стотици војници и цивили, а размената ќе продолжи и во текот на викендот, соопштија денеска официјални лица од двете земји.
Протест „Да ги одбраниме универзитетите“, организиран од студентите во блокада , иницијативата „Обединето образование на Србија“ и „Бунтовен универзитет“, почна попладнево пред Владата на Србија во Белград. На протестот се бара распишување вонредни парламентарни избори во државата, укинување на владината уредба „5/35“ за промена на структурата на работата на факултетите, распуштање на работната група за изготвување на новиот Закон за високо образование, напуштање на комерцијализацијата и ваучеризацијата на образованието.
Двесте седумдесет војници и 120 цивили се вратени во Русија како дел од договорот за размена постигнат со Украина во Истанбул, објави руското Министерство за одбрана. 270 воени заробеници и 120 цивили беа предадени на Киев како дел од размената, се додава во соопштението.
Свеченото отворање на Деновите на словенечката култура во Скопје беше крунисано со концертот на словенечката етно рок група „Dupljak Village Orchestra“ од Радече под раководство на Алеш Брезникар, кој на македонската јазност е познат по организацијата на традиционалната туристичко-културна манифестација „Словенија на Охрид“.
Делегацијата на ЕКСПО во Јапонија беше толку бројна што медиумите не успеаја ни да ја пребројат, а парите што беа потрошени за неа никој не ги соопшти. Уште понеодговорно е кога патуваат на туѓа сметка, односно патот им го финансираат други влади кои потоа очекуваат да им возвратат со некакви привилегии или сојузништва. Владините функционери се фрлија на шетање, секоја недела има по неколку делегации во странство. Само неделата Стојанче Ангелов се јави од Јапонија, каде што имал посета на верски храм и се сликал со будистички монах, иако е одговорен за справување со кризи во државата. Во Лондон се…