Author: Zoran Ivanov
Ватикан: Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, кој денеска говореше на Плоштадот Свети Петар за „маченичката Украина“ и „исчекувањето на преговори за праведен и траен мир“, за првпат во приватна аудиенција го прими нејзиниот претседател Володимир Зеленски, во придружба на сопругата Олена.
Русија планира да тестира лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета RS-24 од ракетниот комплекс „Јарс“ во текот на ноќта помеѓу 18 и 19 мај, објави Главната разузнавачка дирекција на Украина.
Украина го претрпе најголемиот руски напад со беспилотни летала од почетокот на инвазијата во 2022 година, покажува денешниот рапорт на украинската војска, јави ДПА.
Нужно е да се откажуваме не од тоа што го имаме, туку од тоа што сме. Да, да, да! За да го охрабри човекот на смрт, оној што интервенира со мисли, бара од него да се откаже од целокупното материјално богатство. Тоа мора да биде стремежот на Македонија како основа за освојување на новата димензија на постоењето.
Доналд Трамп ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин во понеделник за завршување на војната во Украина, објави американскиот претседател. Соопштението доаѓа откако претставниците на Украина и Русија се сретнаа лице в лице во Турција во петокот – прв пат по три години двете земји да одржат директни разговори на кое било ниво.
Папата Лав Четиринаесетти денеска ја предводи инаугуративната миса во Ватикан, со што официјално започнува неговата служба како 267-ми поглавар на Римокатоличката црква.
Руската медиумска инфраструктура – RT Balkan, Спутник Србија и широка мрежа од локални „патриотски“ медиуми – неуморно работи на поддршка на српските националистички наративи. Западот се прикажува како извор на сите проблеми на Балканот, НАТО како историски агресор, а ЕУ како империја што се распаѓа, непријателски настроена кон словенскиот и православниот идентитет. Но најопасниот дел од оваа машинерија не е тоа што го кажува за другите, туку долгорочната стратегија што ѝ дозволува, односно ѝ наметнува на „публиката“ да ја негира вистината за себе.
Мултикултирализмот, е само едно од решенијата во ситемот на повеќеслојни одговори на глобалните предизвици. Мултилатерализмот е другото решение. За нас што живееме во Европа, решенијата се поврзани со стабилен регионализам, асоцирање со ЕУ и во силна полтичка заедница со современите и отпорни демократии и трансатлатизмот (НАТО). ФЕС: Интервју со проф. д-р Ана Чупеска Како го дефинирате мултикултурализмот и што претставува во контекст на денешните општествени и политички текови? Мултикултурализмот е социјален, општествен факт. Во светот не постојат етнички хомогени или културно истоветни општества. Сите општества се мултикултурни, но, сите држави не се такви. Некои од државите го признаваат тој факт…
На митингот во Ниш, претседателот Александар Вучиќ им порача на студентите дека „не го интересираат нивниот избор“ и дека тоа е „завршена приказна“, а студентите сметаа дека неговата изјава е смешна.
Денеска во Скопје, во се одржа меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“, во организација на Партијата за демократска акција на Македонија – СДА.
Српскиот претседател Александар Вучиќ пред граѓаните собрани на сенародниот собир во Ниш вечерва порача дека повеќе не го интересираат никакви барања на оние кои шест месеци ја блокираат Србија, а кои велат дека е некомпетентен, и истакна дека од денес ги слуша само луѓето кои не се арогантни и кои ја сакаат иднината.