Author: Zoran Ivanov
Иако најмногу се зборува во јавноста за минералното богатство на Украина, договорот вклучува и нови проекти поврзани со нафтата и гасот и сродната инфраструктура.
И минатиот 1-ви мај баравме исто, и овој 1. мај бараме исто. И следниот ќе бараме исто, истакна на протестот пред Владата првиот синдикалец Слободан Трендафилов.
Останувам и денес на кажаното: делото на партизанската генерација е она на што стоиме или паѓаме.
Нашиот капитализам е втемелен само на парите,односно на оној што ги поседува парите а не и на вредноста на трудот.
Венко Филипче: Како човек, секогаш сум имал длабока почит кон секој што со својот труд го движи општеството напред. Како претседател на СДСМ, мојата обврска е таа почит да се претвори во реална политика за поддршка на работниците и нивните права. СДСМ отсекогаш стоел на страната на работниците. Додека бевме на власт, се боревме за покачување на платите, за подобри услови за работа, за сигурност и почит кон секој работник. Сега, и во опозиција, продолжуваме со таа борба. Има уште многу работа и борба пред да кажеме дека живееме во фер и праведно општество – општество што целосно го цени…
Рускиот претседател Владимир Путин зјави дека е невозможна евакуација на украинската армија што остана во Курскиот регион и дека се бара предавање од нејзините припадници кои се кријат.
Белград: Студентите во Нови Сад денеска организираат одбележување на 6 месеци од денот кога падна натстрешницата на железничката станица при што загинаа 16 луѓе. Оддавањето на почитта на загинатите ќе се случи на железничката станица во 11 часот и 52 минути после што граѓаните ќе се упатат на мостот на слободата кој ќе биде блокиран неколку часови.
Вашинтон: Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, вчера ги повика Американците да се обединат против претседателот Доналд Трамп за време на, како што ја нарече, „најголемата економска криза предизвикана од човекот во модерната претседателска историја“.
Американското Министерство за финансии синоќа објави дека САД и Украина потпишаа договор за формирање „инвестициски фонд за реконструкција“ по неколку недели тешки преговори за пристапот на САД до природните ресурси на Украина.