Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанија ја губи работната сила, драстичен пад на популацијата на работоспособна возраст

0
By Zoran Ivanov on July 7, 2025 СВЕТ, ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 7, 2025 21:01

Тирана: Податоците за населението на работоспособна возраст (15–64 години) во Албанија, во периодот од 2010 до 2025 година, покажуваат силен тренд на опаѓање, особено во последните години, зголемувајќи ја загриженоста за пазарот на трудот во земјата и економските перспективи.

Од 2010 до 2019 година, населението на работоспособна возраст е релативно стабилно, помеѓу 1,94 и 1,98 милиони жители. Иако имаше демографски движења и емиграција, влијанието врз вкупниот број на населението на работоспособна возраст не беше толку драматично. Помеѓу 2023 и 2024 година, населението на работоспособна возраст од 1.864.062 лица се намали на 1.542.389, што претставува намалување од повеќе од 320 илјади луѓе за една година, или околу 17 отсто, наведува весникот „Монитор“.

Според истиот извор, официјалните податоци за периодот 2015–2025 година покажуваат значително намалување на населението во сите активни возрасни групи, со особено изразен пад кај младите луѓе кои штотуку влегуваат на пазарот на трудот.

„Возрасната група со најсилно намалување е групата од 20 до 24 години, со околу 48% помеѓу 2015 и 2025 година. Лицата на возраст од 15 до 29 години се најпогодени од емиграцијата и намалувањето на наталитетот. Падот кај оваа група е многу алармантен и укажува на непосреден недостиг на млада работна сила во земјата“, стои во анализата на весникот.

Значителен пад се забележува и кај возрасната група од 45 до 54 години, што сигнализира недостиг на среднорочна стабилност на работната сила, пад бележи и возрасната група од 55-59 години, додека, возрасната група од 60-64 години се зголемува, поради постарата структура на населението.

 

Албанија иселени малди
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.