Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прилепските археолози откриваат римска бања која пред 2000 години функционирала како модерен спа-центар

0
By Zoran Ivanov on July 6, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 6, 2025 22:27

Римска бања од пред две илјади години откриваат прилепските археолози на локалитетот Долиште кај Прилеп. Бањата со сите погодности на модерен спа-центар е дел од сѐ уште непознатиот град меѓу прилепските села Волково и Прилепец, но ги открива социокултурните одлики на нашите предци.

-На овој објект работиме вторпат. Тоа е бања од римскиот период, датира од преминот на старата во новата ера, или од 1 век пред или 1 век од нашата ера. Не е дека претходно жителите не одржувале лична хигиена, но како архитектура припаѓа на римските бањи и е од периодот кога Римската империја завладеала на овие простори. Оваа бања е јавна и е комплесен објект. Покрај оваа, имало просторија со топла вода, па базен со ладна вода, па просторија каде граѓаните ја користеле како гардероба. Така што, ние сме на самиот почеток на истражувањата на оваа комплексна градба. Станува збор за т.н. висечки под. На него биле керамичките плочи и малтерната подлога кои се држеле врз столпчиња, а под тој висечки под струел топол воздух кој доаѓал од друга просторија каде што се ложеле дрва за загревање. Тука нашите предци буквално се потеле, функционирало како сауна и, воопшто, како еден денешен спа- центар, објаснува Душко Темелкоски, археолог во Завод и музеј Прилеп, кој ги раководи истражувањата.

Археолозите допрва ќе ги откриваат тајните на комплексот, зашто истражена е само една третина. Најголем предизвик е да се открие името на таинствениот град кој бил доста значаен за населението од Пелагонија.

Во врска со овој град, имаме некои индиции дека е поголем град, позначајна урбана населба од античко време. Во селската црква во Прилепец има неколку епиграфски споменици и на еден натпис е забележано дека овој град имал тесна соработка со античка Стибера. Но, за жал, не се споменува името на „овој град“, објаснува Темелкоски.

Досега трипати се истражувало на локалитетот Долиште. Прво беа откриени гробници и големи глинени садови за храна.

Локалитетот е познат како Долиште, се наоѓа меѓу двете прилепски села Прилепец и Волково. Досега Прилепскиот музеј има истражувано во три наврати. Во првата кампања, заедно со Катедрата за археологија од Филозофскиот факултет во Скопје, истражувавме на неколку пунктови каде што се вршеле погребувања. Музејот, исто така, истражуваше на друга локација во овој комплекс каде пронајдовме две градби – во едната најдовме големи питоси, керамички ќупови каде се складирала храна. Ова е веќе трет пункт и работиме на бањата. Зборуваме за многу поголем простор каде што лежел тој антички град чие име сѐ уште не му го знаеме, вели архелогот Темелкоски.

Археологија Откритие Прилеп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.