Author: Zoran Ivanov
Американскиот пратеник Стив Виткоф вчера се сретна со Владимир Путин во Санкт Петербург, додека американскиот претседател Доналд Трамп го повика рускиот претседател „да продолжи напред“ за прекинот на огнот во Украина.
Бранко Тричковски: Американскиот индивидуализам се преведува како „хо-јен-чуи“, секој човек за себе, себичност; слобода на кинески тоа е „тцу ју“ што значи да се биде надвор од контрола, да правиш што сакаш без да ги следиш своите одговорни должности, бесконтролност. Македонскиот индивидуализам се пројавува само на нивото на расипаност, инаку тоа е безлична маса која во светот на слободата се однесува како медуза во благо разбранувано море. Ние сме влакна што мајмунот ќе ги загуби кога ќе стане човек. Културниот империјализам беше најважниот аспект на американските пласмани и доминација. Не треба да нѐ чуди што САД не беа ксенофобични. Тие…
Џелал Хоџиќ: Еди Рама беше дел од грешката на иницијативата „Отворен Балкан“, на која Албин Курти аргументирано ѝ се спротистави. Како што знаете, Албанија и Еди Рама се повлекоа од таа иницијатива, во која за жал Северна Македонија остана со Србија. Во исчекување сме на некој нов Саем на виното и храната, во Скопје или Белград, сеедно. Грешката на Албин Курти е што се нафати да игра танго со „потрчковците“ на големосрпскиот национализам во Скопје, преку политичкиот проект ВЛЕН. Иако му беше јасно дека имаат јасна цел да го блокираат европскиот пат на Северна Македонија кон ЕУ. Извор: ЦивилМдиа.мк
Вашингтон: Долгорочната цел на американскиот претседател Доналд Трамп Америка да го добие Гренланд премина од реторика во официјална американска политика, а Белата куќа разви официјален план да го добие тој арктички остров од Данска, пишува Њујорк Тајмс.
Македонскиот женски хор Менада со свој исклучителен настап како и ретроспективнтаа изложба на дела од 24 уметници – „Два конца парај“, синоќа беа првите настани во Белград организирани од Македонскиот културно-информативен центар во Белград.
Специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог, изјави дека Украина може да биде поделена „речиси како Берлин по Втората светска војна“, како дел од евентуалниот мировен договор за кој Вашингтон разговара со Москва, пренесе агенцијата Франс Прес.
Кинескиот претседател Си Џинпинг предупреди дека неговата земја „никогаш нема да попушти на неразумно однесување“.
Германија и Велика Британија испратија порака до Русија дека Украина ќе може да ја продолжи својата борба благодарение на западната поддршка, во период кога САД продолжуваат со разговорите со Москва, пишува „Ројтерс“. Европските сили за првпат го предводеа состанокот на таканаречената Рамштајн група од околу 50 земји кои даваат воена поддршка на Украина откако Вашингтон се откажа од претседавањето. Додека траеше состанокот, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, замина во Русија на разговори со рускиот претседател. Со оглед на тековната агресија на Русија против Украина, мора да признаеме дека мирот во Украина се чини дека е невозможен…
Три сцени, штандови, говори и концерт ќе бидат дел од централниот собир в сабота во 17 часот, организиран од Движењето за народот и државата, кое е поддржано пред се од владејачката Српска напредна партија – СНС и српскиот претседател Александар Вучиќ. Прогресивците велат дека митингот е непартиски. Во центарот на градот веќе се поставени шатори, трактори и штандови, па просторот околу Собранието на Србија е делумно затворен за сообраќај. Премиерот на Србија во техничкиот мандат, Милош Вучевиќ, порача: Се што мислиме и чувствуваме, дишеме и живееме, не зближило во пораката да не се откажуваме од Србија. Многу сум горд на…
Тирана: Поголема група граѓани, претставници на здруженија, главно албански муслимански верници, денеска протестираа пред парламентот во Тирана, за да се „спротивстават на ставот на Албанија за војната во Појасот Газа”.
Целта на администрацијата на Доналд Трамп е постигнување прекин на огнот во Украина до крајот на овој месец, но ако рускиот лидер Владимир Путин не се согласи на примирје до тогаш, САД се подготвени да воведат нови санкции против Москва, јави денеска „Аксиос“.