Author: Zoran Ivanov

Генералното собрание на ОН ја усвои украинската резолуција поддржана од ЕУ, со која се бара Русија веднаш да се повлече од Украина.

Read More

Блумберг објави првични детали за нацрт-договорот помеѓу САД и Украина за соработка во областа на минералите, кој предвидува и економски безбедносни гаранции за Украина. Според неименувани извори, новиот нацрт е речиси договорен, а Украина очекува официјален одговор од САД.

Read More

Вашингтон: Претседателот на САД Доналд Трамп денеска во Белата куќа има средба со неговиот француски колега Емануел Макрон на која ќе разговараат за начинита како да се запре војната во Украина.

Read More

Со 93 гласови „за“ и само 18 „против“ и 65 воздржани, земјите-членки на ОН денеска ја поддржаа резолуцијата предложена од Украина зад која застана целата ЕУ, а која руската инвазија во Украина го нарекува „воена агресија“ и дава поддршка на територијалниот интегритет на земјата, барајќи повлекување на руските војници.

Read More

Ненад Јовановиќ: Од аспект на македонската безбедносна политика треба особено внимателно да се набљудува, без разлика колку да ни се чини нам далечно, затоа што овие вриења на Блискиот исток може да биде страшно опасно за нас, па никој не треба да го потцени незамисливото сценарио кое беше далечно уште до вчера, ако ме разбирате што сакам да кажам. Мицкоски треба да внимава пред се’ на луѓето кои живеат во оваа земја. Не е се’ пи-ар во политиката. Работите со Трамп стануваат страшно опасни. Ако не ми верувате, или попат сте се изгубиле во моите предупредувања, прочитајте го уште еднаш…

Read More

Таканаречените трансфери во реално време во рок од 10 секунди наскоро ќе бидат стандарден начин за пренос на пари во ЕУ. На банките повеќе не им е дозволено да наплатуваат дополнителни провизии за побрзи трансфери.

Read More

Сараево: Командата на НАТО во Сараево и мировната мисија на ЕУ во Босна и Херцеговина – ЕУФОР, порачаа дека се подготвени да спречат какви било обиди за дестабилизација на земјата, откако претставници на Република Српска најавија радикални мерки доколку претседателот Милорад Додик биде осуден.

Read More

Во актуелниот предизвикувачки меѓународен и геополитички амбиент ја нагласуваме важноста од одржување на трансатлантската и глобалната солидарност со Украина, се наведува во заедничка изјава на претседателите на Европскиот совет, на Европската комисија и на Европскиот парламент, Антонио Кошта, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола по повод третата годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина. Ја истакнуваме потребата да се обезбеди постојан фокус на меѓународната заедница за поддршка на Украина за постигнување сеопфатен, праведен траен мир заснован на украинската мировна формула. Ние цврсто стоиме зад Украина, потврдувајќи дека ќе надвладеат мирот, безбедноста и правдата, се нагласува во изјавата. Лидерите…

Read More

Во актуелниот предизвикувачки меѓународен и геополитички амбиент ја нагласуваме важноста од одржување на трансатлантската и глобалната солидарност со Украина, се наведува во заедничка изјава на претседателите на Европскиот совет, на Европската комисија и на Европскиот парламент, Антонио Кошта, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола по повод третата годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина. – Ја истакнуваме потребата да се обезбеди постојан фокус на меѓународната заедница за поддршка на Украина за постигнување сеопфатен, праведен траен мир заснован на украинската мировна формула. Ние цврсто стоиме зад Украина, потврдувајќи дека ќе надвладеат мирот, безбедноста и правдата, се нагласува во изјавата.

Read More

24 февруари 2022 година засекогаш ќе остане запаметен како денот кога Русија започна неиспровоцирана и нелегална целосна инвазија против Украина, ескалирајќи ја војната што започна во 2014 година со нелегална анексија на Крим и окупација на делови од Донецк и Луганск. Три години подоцна, Украина продолжува со својата херојска отпорност против бруталната агресија која уништи градови, одзеде безброј животи и ги разниша темелите на глобалната безбедност.

Read More

Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ по повод третата годишнина од руската  инвазија на Украина вчера одржа митинг и марш во центарот на Скопје.

Read More