Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ООН: Американската резолуција за Украина што ја коспонзорираше и Северна Македонија доби корпа – мнозинството држави застанаа зад украинската подржана од ЕУ

0
By Zoran Ivanov on February 24, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 24, 2025 19:10

Генералното собрание на ОН ја усвои украинската резолуција поддржана од ЕУ, со која се бара Русија веднаш да се повлече од Украина.

На третата годишнина од руската инвазија на Украина, САД не успеаја да добијат одобрување од Генералното собрание на ОН за својата резолуција со која се повикува на крај на војната без споменување на руската агресија. Наместо тоа, Собранието ја усвои украинската резолуција поддржана од ЕУ, со која се бара Русија веднаш да се повлече од Украина.

Резолуциите на ОН не се правно обврзувачки, но служат како мерило за светското јавно мислење. Гласањето покажува намалена поддршка за Украина, чија резолуција беше усвоена со 93 гласа „за“, 18 „против“ и 65 воздржани. Ова е помалку од гласањата во претходните години, кога над 140 земји ја осудија руската агресија. САД и Русија гласаа „против“.

Според американски официјален претставник и европски дипломат, САД се обиделе да извршат притисок врз Украина да ја повлече својата резолуција во корист на американскиот предлог, но украинската страна одбила.

Потоа, Генералното собрание додаде јасен јазик во американската резолуција дека Русија ја нападнала Украина со прекршување на Повелбата на ОН.

Гласањето за изменетата американска резолуција заврши со 93 гласа „за“, 8 „против“ и 73 воздржани. Украина гласаше „за“, САД се воздржаа, а Русија гласаше „против“.

Заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Маријана Беца, изјави дека нејзината земја го користи своето „природно право на самоодбрана“ по руската инвазија, која го прекршува принципот на ОН за почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на државите.

Додека одбележуваме три години од ова разурнување, од целосната руска инвазија врз Украина, ги повикуваме сите нации да останат цврсти и да застанат на страната на Повелбата, на страната на човештвото и на страната на праведниот и траен мир, мирот преку сила – изјави таа.

Заменичката амбасадорка на САД, Дороти Шеа, изјави дека повеќе претходни резолуции на ОН, кои ја осудуваа Русија и бараа повлекување на руските трупи, „не успеаја да ја запрат војната“, која „се одолжува премногу долго и со ужасни последици за народот во Украина, Русија и пошироко“.

 

ЕУ ООН резолуцуја САД Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.