Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ: Меѓународната заедница треба да се фокусира на постигнување сеопфатен, праведен и траен мир во Украина

0
By Zoran Ivanov on February 24, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 24, 2025 10:25

Во актуелниот предизвикувачки меѓународен и геополитички амбиент ја нагласуваме важноста од одржување на трансатлантската и глобалната солидарност со Украина, се наведува во заедничка изјава на претседателите на Европскиот совет, на Европската комисија и на Европскиот парламент, Антонио Кошта, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола по повод третата годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина.

– Ја истакнуваме потребата да се обезбеди постојан фокус на меѓународната заедница за поддршка на Украина за постигнување сеопфатен, праведен траен мир заснован на украинската мировна формула. Ние цврсто стоиме зад Украина, потврдувајќи дека ќе надвладеат мирот, безбедноста и правдата, се нагласува во изјавата.

Лидерите на трите европски институции потсетуваат дека пред три години Русија ја започна својата целосна и незаконска агресивна војна против Украина, при која намерно ја напаѓа украинската цивилна и критична инфраструктура.

– Украинскиот народ покажа храброст во одбраната на својата земја и на основните принципи на меѓународното право. Им оддаваме почит на сите оние кои ги жртвуваа своите животи и ги загубија своите најблиски за независноста и слободата на Украина, се додава во пораката.

Кошта, Фон дер Лајен и Мецола порачуваат и дека Русија и нејзиното раководство се единствените одговорни за војната во Украина и за злосторствата извршени врз украинското население.

– Продолжуваме да повикуваме на одговорност за сите извршени воени злосторства и злосторства против човештвото. Ги поздравуваме неодамнешните чекори направени кон формирањето на Специјален трибунал за кривичното дело агресија против Украина, се нагласува во изјавата.

Во неа натаму се потсетува дека ЕУ досега на Украина и обезбеди економска, хуманитарна, финансиска и воена помош во вкупна вредност од 135 милијарди евра, вклучително и воена поддршка од 48,7 милијарди евра.

– Европската Унија ќе продолжи да и дава на Украина редовна и предвидлива финансиска поддршка, вклучително и за обнова на земјата по војната, се вели во пораката.

Европските лидери оценуваат дека цената од постапките на нивниот лидер ја плаќаат Русија и нејзиниот народ, потсетувајќи на воведете санкции без преседан против Русија и нејзините соучесници во војната.

– Остануваме подготвени да го зголемиме притисокот врз Русија да ја ограничи нејзината способност да води војна. Веќе ги користиме непланираните профити од замрзнатите руски средства за поддршка на одбранбената индустрија на Украина и снабдувањето со енергија. Денеска го усвоивме 16-тиот пакет санкции за дополнително да го зголемиме колективниот притисок врз Русија за да стави крај на нејзината војна, се додава во текстот.

Натаму во него се наведува дека ЕУ презеде „активности без преседан“ за да го зголеми производството на европската одбранбена индустрија и дека ќе продолжи да го зголемува својот капацитет за да ги засили воената поддршка и соработка со Украина, а истовремено и да ги зајакне сопствената одбранбена подготвеност и европскиот суверенитет.

Украина е дел од нашето европско семејство. Украинците ја изразија својата желба за иднина во Европската унија. Тоа го признавме со доделувањето на Украина статус на земја кандидат и ги започнавме пристапните преговори. Украина постигна значителен напредок во реформите поврзани со пристапувањето под најпредизвикувачките околности. Ние веќе ја интегрираме Украина во внатрешниот пазар на ЕУ. Иднината на Украина и нејзините граѓани е во рамките на Европската Унија, се додава во пораката на Кошта, Фон дер Лајен и Мецола по повод третата годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Инаку, Кошта, Фон дер Лајен и 21 еврокомесар утрово допатуваа во Киев со цел да ја изразат непоколебливата поддршка на ЕУ за борбата на Украина за независност и слобода на третата годишнина од почетокот на руската инвазија.

 

ЕУ Мир траен Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.