Author: Zoran Ivanov

Општо е убедувањето дека, доколку не ги освои потребните гласови за сама, или барем заедно со пратениците на немнозинските етнички заедници, да може да формира влада, ниту една од досега опозициските партии нема да прифати коалиција со партијата на Курти. Ова, од причина што и во изминатите четири години Курти и неговите соработници не престанаа со грубите напади и навреди кон сите кои во некој поглед не се согласуваат со него.

Read More

Бранко Тричковски: Можеме да бидеме туристичка дестинација во која луѓето би доаѓале да гледаат како будалите ги бранат националните интереси. Како нивниот премиер пелтечи десет зборови мешајќи  им го редоследот во пет варијанти, седум години. Тој се однесува како политичка кретенчуга  од највисок ранг. Нивната претседателка е како принцеза извадена од театарот за деца во време кога театарот немал доволно пари да ја увежба и дотера попристојно за детската публика. Можеме и да го тужиме Трамп затоа што вмро прв ја лансира паролата за „Мејк Македонија грејт агеин“! Трамп може да види колку мала, безначајна, а можеби и исчезната ќе биде…

Read More

Студентите од Србија денеска ги повикаа граѓаните да се соберат на улиците низ сите градови за да ги поддржат нивните барања на стотиот ден од падот на настрешницата во Нови Сад при што загинаа 15 луѓе.

Read More

Сите избирачки места се отворени утринава во седум часот. Најмногу гласачи со српска националност се запишани во Северна Митровица и тоа 18.781, а гласаат во шест избирачки центри со 24 избирачки места.

Read More

Во Косово ќе се избира нов парламент. Додека во насловите доминира конфликтот со Србија, особено помладите Косовци имаат други грижи. Сѐ поголем број од нив си ги пакува куферите. Вјоса Ќеркини Косовскиот главен град Приштина деновиве оддава впечаток на голема, шарена градина со слики. На уличните светилки и на ѕидовите има плакати со насмеани лица на политичари кои со впечатливи пароли сакаат да останат во главите на минувачите за да ги изберат токму нивните имиња и партии на гласачките ливчиња. В недела (9.02.2025) во Косово, најмладата држава во Европа со просечно најмладо население, ќе се одржат редовните парламентарни избори. Се работи за избори во…

Read More

Венко Филипче: Ценовните шокови ова што сега се случува е тотална негрижа за граѓаните. Цените растат а Владата ништо не прави да ги сконтролира. Да го искористам омилениот израз на владините преставници,  историски најбрзо носење до просјачки стап.  Тоа е страшно осиромашување на граѓаните.  Нашите анализи и анкети покажуваат дека 45% од граѓаните значи секој втор има помалку пари отколку што имал минатата година ова време. Ние укажуваме на тоа ,но Владата не се грижи. Некако ја пуштија работата да се менаџира самата со себе. Од Владата  велат нека се договорат работодавачите и работниците. Исто како што ги оставија сами маркетите…

Read More

Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом потпишал закони врз основа на кои се издвоени 50 милиони долари за да се заштити оваа американска држава и мигрантите на кои им се заканува депортација поради политиката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, јавуваат американските медиуми. Врз основа на еден од тие закони, 25 милиони долари беа издвоени за Министерството за правда на Калифорнија за да се справи со правните постапки против федералната влада, додека друг издвои уште 25 милиони долари за правна помош за мигрантите кои се соочуваат со депортација, објави Си-Ен-Ен. На жителите на Калифорнија им се заканува администрација надвор од…

Read More