Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ведар изборен ден во Косово

0
By Zoran Ivanov on February 9, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 9, 2025 14:10

Општо е убедувањето дека, доколку не ги освои потребните гласови за сама, или барем заедно со пратениците на немнозинските етнички заедници, да може да формира влада, ниту една од досега опозициските партии нема да прифати коалиција со партијата на Курти. Ова, од причина што и во изминатите четири години Курти и неговите соработници не престанаа со грубите напади и навреди кон сите кои во некој поглед не се согласуваат со него.

Илир Ајдини

Во ретко убав, сончев, ведар зимски ден, граѓаните на Косово од 7 часот утрово почнаа да излегуваат на гласање за првите редовни, а вкупно шести по ред парламентарни избори од прогласувањето на независноста на државата во 2008 година.

Очекувањата се дека и денешниот ден ќе помине без инциденти, посебно судејќи според едномесечната (официјално) изборна кампања, која, и покрај на моменти, би можело да се рече, непријателската реторика кон политичките опоненти, посебно од страна на експонентите на досега владејачката партија, Движење самоопределување (ВВ), помина без ниту еден посериозен проблем.

Набљудувачите и Централната изборна комисија забележаа неколку помали проблеми на почетокот на изборите, како што е отворањето на околу 9 отсто од гласачки места со задоцнување, како и приведувањето на пет лица, во два случаи, во северно Косово, во општините населени со мнозинско српско население, поради обидите да влијаат врз гласачите. Народниот правобранител и невладината Демократија во акција (Demokracia në Veprim) забележаа и дека во околу 20 отсто од гласачките места не е обезбеден соодветен пристап за лицата со посебни потреби.

Главното прашање на кое ќе се добие одговорот по затворањето на гласачките места, во 19 часот вечерва, е дали досегашниот премиер Албин Курти и неговата партија ќе ја добијат довербата за да ја водат државата и во наредните четири години. Малку кој, барем од неутралните набљудувачи, очекува дека ВВ ќе го повтори резултатот од пред четири години, кога добија околу 51 отсто од гласовите, меѓутоа според речиси сите релевантни анкети се очекува оваа партија и на овие избори да биде прворангирана. Сепак, општо е убедувањето дека, доколку не ги освои потребните гласови за сама, или барем заедно со пратениците на немнозинските етнички заедници, да може да формира влада, ниту една од досега опозициските партии нема да прифати коалиција со партијата на Курти. Ова, од причина што и во изминатите четири години Курти и неговите соработници не престанаа со грубите напади и навреди кон сите кои во некој поглед не се согласуваат со него.

Што се однесува до кампањата, општо убедување е дека актуелната опозиција, првенствено Демократската партија на Косово (ПДК), Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и коалицијата предводена од Алијансата за иднината на Косово (ААК), се претставија пред граѓаните многу посериозно и поубедливо одошто на претходните избори и понудија конкретни програми и планови за развој на државата. При тоа, би ги нагласиле нивните едногласни заложби за подобрување на односите со Соединетите Американски Држави и Европската унија, како стратешки сојузници на Косово, односи кои видно се заладија – па дури има и санкции од ЕУ кон државата – за време на владеењето на Курти.

Општ впечаток е дека кампањата на опозициските партии, предводени од Мемли Красниќи (лидер) и Бедри Хамза (кандидат за премиер од ПДК), Љумир Абдиџику (ЛДК) и Рамуш Харадинај (ААК), беше позитивна, без груби напади кон опонентите и со претставување конкретни планови и проекти. За разлика од, барем според авторот на овој текст, но и многумина други набљудувачи, владејачката партија и нејзиниот лидер, Курти, кои, како и во минатото, вклучително и времето во кое ја водат државата, се концентрираа на величање на своите наводни успеси и на напади врз опозицијата. Инаку кажано, ВВ и овој пат се однесуваше како да е опозиција, обвинувајќи ги сите други, вклучително медиумите, судството и обвинителството, за сите проблеми во државата.

Меѓутоа, во однос на медиумското покривање на кампањата, треба да се напомене дека понудата на Курти и ВВ и не беше многу видлива во голем дел од медиумите, со оглед на нивниот реципрочен одговор на одлуката на досегашните власти да не се појавуваат во дебатните емисии на националните телевизии и во другите медиуми, наводно во знак на протест поради нивното „еднострано“ известување за работата на Владата. Ваквото однесување на Курти на овие избори беше само круна на неговите постојани напади врз медиумите и новинарите, кои, кога известуваа за коруптивни и други афери на владата, беа грубо напаѓани, а често нарекувани и „платеници“ и „слуги“ на Србија, односно на нејзиниот претседател Александар Вучиќ, што често наиде на остри критики од страна на домашните и меѓународните новинарски организации, но и на многу дипломатски претставници.

Во северно Косово, населено со српско мнозинство, гласањето исто така се одвива мирно и без проблеми, со исклучок на двата случаи кои ги споменавме погоре. Очекувањата се дека, и овој пат, како и на сите досегашни избори, десетте загарантирани пратенички места за косовските Срби ќе ги освои партијата Српска листа, која ужива отворена поддршка од официјален Белград и српскиот претседател, Вучиќ. Според косовскиот Устав, во 120-членото републичко Собрание, за српската етничка заедница се загарантирани 10 места, а исто толку и за другите немнозински етнички заедници – Роми, Ашкалии, Египќани (т.н. заедница РАЕ), Турци, Бошњаци и Горанци.

На овие избори право на глас имаат 2.075.868 косовски граѓани, од кои 1.970.944 својот глас ќе можат да го дадат во гласачките места во Косово.

Надвор од Косово, право на глас имаат 104.924 граѓани кои живеат во дијаспората, и кои имаа можност за остварување на гласачкото право од 9 јануари до 8 февруари.

Се гласа во 941 гласачки центар низ земјата. На изборите учествуваат 28 изборни листи, од кои20 политички партии, пет коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат, со вкупно 1.280 кандидати заверени од Централната изборна комисија (ЦИК).

Бројот на набљудувачи во овој изборен процес изнесува над 18 илјади, а процесот го следат и над 100 набљудувачи од 18 земји на Европската Унија.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

илир ајдини осово избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.