Author: Zoran Ivanov
Русија синоќа изврши напад врз Киев, во кој најмалку едно лице беше убиено, а десет беа повредени. Главниот град на Украина повторно беше цел на балистички ракети и беспилотни летала, што предизвика експлозии и пожари, пишува „Кијив Индепендент“.
Лондон: Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди дека Русија брзо го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје и подморници како подготовка за можен конфликт со НАТО.
Таканаречената „коалиција на добронамерните“ направи значајна промена во својата тактика против Русија, преминувајќи од директна помош на Украина кон напори за вршење политички и дипломатски притисок врз Москва во соработка со САД.
Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, изрази увереност дека Москва и Вашингтон се блиску до дипломатско решение за прекин на војната во Украина.
Соединетите Американски Држави воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро, објави Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД. Неговата сопруга Вероника Алкосер, синот Николас Петро и министерот за внатрешни работи Армандо Бенедети се исто така на списокот на санкционираните, што дополнително ги затегнува односите меѓу САД и Колумбија.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска ја осуди, како што рече, „лудата агресија“ на рускиот претседател Владимир Путин против Украина, посочувајќи дека поддршката на Алијансата за Украина дава јасни резултати на бојното поле и додавајќи дека американските тарифи вршат дополнителен притисок врз Русија.
Данела Арсовска: Господине Мицковски, да те замолам пред твојот штаб да пушта соопштенија со прашања со кои само ќе ја докажете својата вина за хаосот, прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните.
Британскиот премиер Кир Стармер денеска за време на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски и пред состанокот на сојузниците на Украина во Лондон повика „да се направи повеќе за се зајакнат украинските средства за напади со долг дострел“.
