Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не е доволно денес само да си кажеме честитки затоа што убаво треба да контрастираме што е 2-ри август, а што денес правиме?

0
By Zoran Ivanov on August 2, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 2, 2025 21:51

И Никола Карев: „За човекот нема поголемо богатство од слободата и од правото спокојно да работи и создава” и „Се боревме не само за слобода на Македонија, туку за република на сите народи, сите вери, за сиромашните”, кажува дека, очигледно, Карев е социјалистички револуционер, во суштина демократ и интернационалист. Ова се социјал- демократски основи. Кога би знаел за ова наше очајно „Не бива држава од нас”, разочарано, но стрпливо би ни рекол: „Добро, ја гледате неправдата. Но, одговорот не е во национализмот, туку во република на правда. Дури и да не успеете веднаш, дури и ако успеете за само еден ден, ќе знаете што значи праведно општество, а што неправда.”

Емилија Целакоска

На 2 Август двапати се поставени основите на морално – политичките принципи на модерна Македонија: Во 1903 со жртва за слобода, против османлиското угнетување, во 1944 со антифашистичкото раѓање на државноста. Водачите во овие два врва на нашата историја, делувале не само политички, туку дале и етичка визија, како да сакале да ни ја подарат способноста да знаеме да го согледаме злото, да знаеме што значи да можеме да го согледаме злото и да избереме – отпор.

Што мислите, дали тие би одобриле што велиме „Не нѐ бива, не бива држава од нас”? Тие самите го согледале злото од нивното време, кое е неспоредливо побрутално од нашите времиња, но не седнале да очајуваат, да се предадат со „не бива држава од нас”, туку презеле дејства врз основа на своите морални принципи.

Гоце Делчев, кога би ги видел своите разгалени потомци како после сета борба скрстиле раце, мрдаат глава и само цукаат „Ц, не, не бива држава од нас”, многу би се разочарал. Сепак, знаејќи го неговиот став за светот (како поле за културен натпревар меѓу народите), веројатно би нѐ упатил да развиваме критичка мисла – да разликуваме добро од зло, да се образуваме и да не го запоставуваме сопствениот културен развој.

И Никола Карев: „За човекот нема поголемо богатство од слободата и од правото спокојно да работи и создава” и „Се боревме не само за слобода на Македонија, туку за република на сите народи, сите вери, за сиромашните”, кажува дека, очигледно, Карев е социјалистички револуционер, во суштина демократ и интернационалист. Ова се социјал- демократски основи. Кога би знаел за ова наше очајно „Не бива држава од нас”, разочарано, но стрпливо би ни рекол: „Добро, ја гледате неправдата. Но, одговорот не е во национализмот, туку во република на правда. Дури и да не успеете веднаш, дури и ако успеете за само еден ден, ќе знаете што значи праведно општество, а што неправда.”

Зошто сум уверена што би рекол? Затоа што неговата идеја првенствено била за социјална револуција, пред националното ослободување. Од неговите зборови се гледа дека смета оти Илинден е за народот, не за нацијата.

Луѓето основачи на Антифашистичкото собрание за национално ослободување на Македонија, АСНОМ, посебно Методија Андонов – Ченто, како антиавторитарен либерален демократ и антифашистички револуционер, отворено би ни рекол:

– Ако го гледате злото, ако сметате дека очите ви се отворени, тогаш не би смееле да се поклоните на ниеден господар, ни странски, ни домашен!

Како сум уверена што би рекол? Па, нели негови се зборовите „Не се борев за Македонија да биде нечија провинција”? А ние што правиме овде, да се запрашаме. Доволно е да се запрашаме.

Затоа што сѐ што гледаме лошо, го гледаме во неправдата, сиромаштијата, но и молчењето и лицемерието. Можеби само сонливо сме подразбудени, можеби сепак тоа што го гледаме може на моменти да си го сметаме за морална разбуденост, но таа вреди само ако води кон солидарност со оштетените, а богами и угнетените.

Тоа што колективно страдаме, воопшто не е романтично и не треба да му се правиме паметни со „Не, бе, не бива држава од нас”. Ова страдање си ја има својата бруталност, иако не е иста со османлиската угнетеност и понатаму со фашистичките ѕверства. Но, истото, ја открива вистината, што значи следен чекор е таа да се запише, да се сними ако треба, да се каже и да се организира!

Има будење, не враќајте се на спиење.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

 

Емилија Целакоска колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.