Author: Zoran Ivanov
Денеска се спроведува акција на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција – ОЈО ГОКК), во координација со Истражниот центар при ОЈО ГОКК и екипи на Министерството за внатрешни работи.
Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје, каде протоколарно се сретнаа доскорешната градоначалничка Данела Арсовска и новоизбраниот градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.
После толку понижувања и навреди од типот глодари, некрофили, партиски пропагандисти и што уште не, упатени кон семејствата на загинатите млади луѓе,од страна на владини претставници, тие им возвратија со награда. Некои од владините челници отидоа дури до таму што од родителите на (63 загинати и над 190 повредени), побараа цена за животите на нивните деца, како основ за финансиски надомест.
Пекинг: Тројца кинески астронаути – Ванг Џие, Чен Жонгруи и Чен Донг – ќе мора да го продолжат својот престој на вселенската станица Тјангонг откако нивниот модул за враќање беше погоден од сомнително парче вселенски отпад, соопшти Кинеската вселенска агенција (CMSA).
Париз: Египќанецот Халед ел Енани денеска е формално избран за генерален директор на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО). Тој ќе ја замени Французинката Одри Азулеј.
Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски преку објава на Фејсбук упати остри критики кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја партијата за нерегуларности на локалните избори во општина Карпош.
Истражувањето ја руши стереотипната претстава дека со возраста когнитивните функции неповратно опаѓаат. Всушност, мозокот постојано се преструктуира. Невропластичноста е способност да се формираат нови врски, а таа останува и на постара возраст. „Историјата е полна со примери на луѓе кои ги постигнале своите најголеми успеси по шеесеттата година. Можно е да е време да престанеме да ја сметаме зрелоста како одбројување наназад“, напомнува Жил Жинјак. Возраста не е смртна пресуда за интелектот, туку нова фаза на негово расцутување. Според истражување објавено во списанието Intelligence, врвот на менталните способности на човекот доаѓа не во младоста, туку во зрелоста, приближно на возраст…
Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на градот.
Со врачување на наградите во Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес синоќа заврши 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби 2025“.
Претставнички од иницијативата „Сите за Палестина“ денес имаа средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова, во нејзиниот кабинет. На средбата тие ѝ ги пренеле барањата на иницијативата и повикале државното раководство да покаже јасна солидарност со палестинскиот народ.
