Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стокхолмски синдром во Кочани?

0
By Zoran Ivanov on November 6, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 6, 2025 17:51

После толку понижувања и навреди од типот глодари, некрофили, партиски пропагандисти и што уште не, упатени кон семејствата на загинатите млади луѓе,од страна на владини претставници, тие им возвратија со награда. Некои од владините челници отидоа дури до таму што од родителите на (63 загинати и над 190 повредени), побараа цена за животите на нивните деца, како основ за финансиски надомест.

 Тито Петковски

Поимот “Стокхолмски синдром”,во науката се користи за опишување на психолошки карактеристики, кои за прв пат биле забележани кај луѓе во 1973 година, во главниот град на Шведска, за време на една заложничка драма.На таа тема,со исти наслов, во 2019 година е снимен еден крајно возбудлив трилер.Топло Ви препорачувам да го погледате тој филм.

Имено, во Стокхолм во 1973 го. двајца киднапери извршуваат грабеж во една банка и 6 дена држат во заложништво 4 вработени во банката. Во таа интеракција и комуникација меѓу киднаперите и киднапираните,се воспоставува тешко сватлива појава на зближување меѓу напаѓачите и жртвите. Настанува психолошка состојба во која доаѓа до зближување меѓу нив.Личностите со овој синдром, почнале да се идентификуваат со агресорот, дури и формираат блиска поврзаност.

По неколку дена, киднапираните развија позитивни чувства,покажувајќи сочувство кон киднаперите и почнуваат да ги бранат.Работата отиде до таму што одбија да сведочат пред судот за нивните злодела,покажувајќи едновремено недоверба кон полицијата,доживувајќи ја како закана за нивната безбедност.

Дел од психијатри и криминолози, ваков синдром забележале и кај луѓе жртви на сексуално злоставување,екстремизам, тероризам,угнетување,финансиска и политичка репресија и

кај верски прогон. Синдромот го дефинираат уште и како сериозно психосоцијално пореметување.

Причините ги гледаат во фактот што, жртвите стануваат плашливи и депресивни,покажувајќи при тоа намалена способност да се грижат за себе,поради што стануваат зависни од насилниците.

Природниот нагон за преживување,заснован на стравот, зависноста и траумата ги принудуваат така да се однесуваат.На тој начин,жртвите сметаат дека имаат поголеми шанси за преживување,доколку насилниците покажуваат поголема грижа за доброто на жртвите.

Скоро едногласни се психијатрите во мислењето дека, долгиот период на обесправеност,понижување,сиромаштијата и отворената агресија водат до неприродни врски.

Чувството на беспомошност и природната потреба да се ублажи сопствената психолошка позиција, ја принудуваат жртвата да ги нагласува позитивните страни кај насилнокот или угнетувачот и да создава неприроден однос меѓу нив.

Е сега, зошто таков наслов на текстов?

Она што се случи со мнозинството избирачи на локалните избори во Кочани, не ми изгледа рацинално и логично.Во нивниот одговор кон власта,видов многу од симптомите на Стокхолмскиот синдром.

Од сета понуда за градоначалници и советници, тие одлучија да ги наградата кандидатите на владеачката партија и токму нив да ги изберат. И сето тоа го направија во услови кога партијата на власт создаде систем кој не ја спречи најголемата трагедија во поновата историја на Македонија.

После толку понижувања и навреди од типот глодари, некрофили,партиски пропагандисти и што уште не, упатени кон семејствата на загинатите млади луѓе,од страна на владини претставници, тие им возвратија со награда. Некои од владините челници отидоа дури до таму што од родителите на (63 загинати и над 190 повредени), побараа цена за животите на нивните деца, како основ за финансиски надомест.

Поминаа 6 месеци од трагедијата а не видовме ниту една оставка од претставници на власта,како морален и политички чин. Треба ли во овој контекст да го споменам односот на слованечката влада по убиството на еден човек во Ново Место. Уште истата вечер,министерот за внатрешни работи и уште еден министер си поднесоа оставки кои словенечкио премиер веднаш ги прифати. Но разликата во политичката култура и демократскио капацитет меѓу словенечките и нашите политичари е една светлосна година.

За кривичната одговорност на одговорните не сакам ниту да коментирам бидејќи тоа е работа на “слободното судство”.

Дури по истекот на 6 месеци е отворена кривична постапка и очекувам да заврши во наредните 20 години.

Во меѓувреме,несреќните родители и нивните семејства ќе продолжат да маршираат низ кочанските улици,барајќи “правда веднаш”.

Посебна приказна е отсуството на емпатија,сочувство,разбирање и солидарност кон настраданите,не само од граѓаните на Кочани туку и останатите градови во ова наша “Чудесна Македонија”.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

колумна Тито ПЕтковски ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

ВЕСТИ May 20, 2026

Рускиот претседател Владимир Путин ја почна денеска дводневната посета на Кина, каде што со кинескиот…

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

May 19, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.